15 неверојатни мистерии фатени на камера

15 неверојатни мистерии фатени на камера

Овој свет е неверојатно разноличен и мистериозен. Некои природни феномени изгледаат навистина мистично и покрај тоа што за нив има научно објаснување. Погледнете ги најневеројатните и најмистериозните појави кои се фатени на камера.

1. Привидение (фатаморгана)

(1)15-neverojatni-misterii-fateni-na-kamera-kafepauza.mk

Иако изгледа навистина чудно, овие привиденија не се ништо повеќе од трик на светлината. Ефектот се добива кога постои значителна разлика во густината и температурата на слоевите на воздухот. Привидението е на некој начин рефлексија на вистински предмет, но зголемен и искривен.

2. Виножито од месечина

(2)15-neverojatni-misterii-fateni-na-kamera-kafepauza.mk

Ова виножито е природен феномен кој не можеме да го забележиме со голо око бидејќи нашите очи не разликуваат бои во темница. Но, ако користите долга експозиција на вашата камера, ќе откриете дека ова виножито премногу наликува на она обичното.

3. Молњи во бура

(3)15-neverojatni-misterii-fateni-na-kamera-kafepauza.mk

Вулканските молњи се појавуваат за време на ерупција поради судирањето на гасот и пепелта во воздухот. Овој феномен е поредок и од самите ерупции, а за да го фатите на камера потребно ви е многу среќа.

4. Облак маматус

(4)15-neverojatni-misterii-fateni-na-kamera-kafepauza.mk

Овие облаци обично се појавуваат после многу силни бури. Тие се формираат поради воздушните маси кои се движат во различни насоки. Иако изгледаат заканувачки, тие воопшто не се опасни.

5. Хоризонтален лак

(5)15-neverojatni-misterii-fateni-na-kamera-kafepauza.mk

Овој лак се појавува поради истата причина како и обичното виножито – прекршување на светлината. Сепак, потребни се и некои други услови за да сведочите на ова ретко светско чудо.

6. Облаци во форма на леќа

(6)15-neverojatni-misterii-fateni-na-kamera-kafepauza.mk

Овие облаци се навистина редок и уникатен феномен. Тие не мрдаат дури ни кога има силен ветар. Поради оваа неподвижност, многу луѓе сметаат дека овие облаци се всушност НЛО.

7. Торнадо

(7)15-neverojatni-misterii-fateni-na-kamera-kafepauza.mk

Торнадото не е редок феномен, но е навистина тешко да го фатите на камера. Тоа се наоѓа на оваа „мистериозна“ листа биејќи научниците сè уште не го знаат неговото вистинско потекло.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар