15 нешта за кои треба да си се заблагодарите пред да заврши оваа година

15 нешта за кои треба да си се заблагодарите пред да заврши оваа година

Многу често луѓето толку силно се фокусираат на потребите на другите, што едноставно немаат време да погледнат кон себе. Тие се насочени на сè што се случува околу нив, но притоа забораваат да погледнат кон себе и да си посветат барем една секунда само за нив. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш е време да направите мала пауза и да го разгледате вашиот живот. Постојат толку многу нешта за кои можете да си бидете благодарни. Не заборавајте да си ги признаете овие нешта, бидејќи тоа е единствениот начин да бидете вистински среќни…

15 нешта за кои треба да си се заблагодарите пред да заврши оваа година

1. Заблагодарете си се за кажувањето „не“. Бидете благодарни затоа што длабоко во себе знаете дека сте ја донеле најдобрата одлука за себе.

2. Заблагодарете си се за обидот да ги постигнете вашите цели, дури и ако сè уште не сте стигнале до крајот. Напредокот е често занемаруван, па токму затоа и треба да му придавате многу поголемо значење со цел да бидете посреќни. Ништо не се постигнува преку ноќ.

3. Заблагодарете си се за сите оние пати кога сте се преиспитувале. Можеби сте направиле лош избор, можеби сте го направиле правилниот, но најважното е дека сте одвоиле доволно време да се запрашате како оваа одлука влијаела врз вас и како да се подобрите во иднина.

4. Заблагодарете си се за помошта која сте ја побарале оваа година. Без разлика за што станува збор, вие конечно сте сфатиле дека никој не може да се бори сам против светот и токму затоа сте побарале поддршка.

5. Заблагодарете си се за давањето шанса на новата исхрана во вашиот живот. Да не го направевте тоа никогаш немаше да откриете дека и здравата храна може да биде вкусна.

6. Заблагодарете си се за секој пат кога сте заглавиле во јавниот превоз наместо да викнете скапо такси. Вашата сметка во банка ви ја испраќа својата љубов и почит.

7. Заблагодарете си се за зближувањето со вашето семејство оваа година. Дури и со оние членови со кои знаете дека едноставно никогаш не би можеле да се сложувате.

8. Заблагодарете си се за добротворната работа. Без разлика дали станува збор за донирање облека или пак, друг вид помош, вие сте успеале да направите барем една мала позитивна промена во овој свет. Можеби не ви делува многу, но на долг рок тоа е навистина бесценето.

9. Заблагодарете си се за сите оние нови нешта кои сте ги научиле за себе. Вие сте чекор поблизу до откривањето на личноста која навистина сте, а со тоа и до приближувањето до вашата вистинска природа.

10. Заблагодарете си се за задржување на добрите луѓе околу вас. Вие исто така треба да им бидете благодарни и на вашите пријатели кои толку долго време се покрај вас, но исто така да ја цените и вашата одлука секојдневно да вложувате во овој однос.

11. Заблагодарете си се за добрите одлуки. За сите оние моменти кога сте се одржувале безбедни – кога не сте возеле под дејство на алкохол, сте погледнувале на двете страни пред да преминете улица и сте посетиле доктор кога не ви било добро.

12. Заблагодарете си се за сите разговори со вашите баби и дедовци. Тие толку многу сакаат да разговараат со вас, што доволни им се само 5 минути на телефон за нивниот ден целосно да се разубави.

13. Заблагодарете си се за сите моменти кога сте одлучиле да не погледнете во вашиот мобилен во истиот момент кога тој ќе заѕвони. Вие докажавте дека не сте роб на технологијата и дека можете да опстанете и без неа.

14. Заблагодарете си се за сите обиди да подобрите и нечиј туѓ живот. Дури и да не сте успеале, сепак бидете благодарни затоа што сте се обиделе.

15. Заблагодарете си се за сите оние мали нешта кои не се на оваа листа. За сите работи кои ги вие ги знаете, но кои никој друг не ги забележал. Не чекајте признание од другите за добрите нешта кои сте ги направиле оваа година. Сè што ви е потребно е бидете благодарни самите на себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар