15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Поголемиот дел од децата ги сметаат училиштата за здодевни. Меѓутоа, не се сите образовни институции подеднакво монотони. Постојат некои навистина неверојатни училишта кои изгледаат како футуристички згради од некој научно фантастичен филм и нудат сосема нов пристап кон учењето. На пример, во Шведска има училиште каде децата не се делат според половите. Во Сан Франциско, САД, наставниците ги учат децата на „опасни“ работи, кои нивните родители обично им ги забрануваат. Во продолжение прочитајте повеќе за најнеобичните училишта во светот, по што со сигурност ќе посакате и вие да сте учеле во некое од нив…

1. Макоко, училиште што плови во Лагос, Нигерија

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Ова училиште што плови е уникатна градба на вода која се наоѓа во крајбрежниот регион на Африка. Училиштето е наменето за сите возрасти и првично било изградено во случај водата од лагуната да достигне многу високо ниво. Во него има училници и простории за забава, како и капацитет безбедно да издржи до 100 деца, дури и во екстремни временски услови.

2. Училиште во коцка, Копенхаген, Данска

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Ова училиште е всушност една голема училница во која доаѓаат повеќе од 1.100 средношколци. Лекциите се одржуваат во широка стаклена коцка која се нарекува гимназија. Отворениот простор е поделен на одвоени секции со удобни места за седење чија цел е да ја поттикнат флексибилноста и креативното размислување на учениците.

3. Училиште со индивидуален пристап кон учениците, Австралија

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Покрај необичниот и светол надворешен дизајн, стратегијата за учење која се користи во ова училиште е исто така далеку од традиционална. Сите ученици имаат свој индивидуален план на учење кој лесно може да биде прилагоден од страна на наставниците и родителите. Децата исто така имаат право сами да даваат предлози за да го подобрат образовниот процес и да го направат попријатен за учениците. Уште една поразлична одлика на ова училиште е тоа што сите часови се одржуваат во мали групи.

4. Училиште во вистинскиот свет, Роуд Ајленд, САД

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Уште од самиот почеток учениците учат за она што ги интересира. Со цел да им се помогне на тинејџерите да ја пронајдат и проследат нивната идеална професија, секој ученик добива ментор кој работи во областа каде што детето би сакало да влезе еден ден. Тоа значи дека учениците го учат само она што навистина им е потребно за нивната идна кариера. Оваа стратегија на учење моментално е прифатена од страна на 55 училишта ширум светот.

Продолжете на следната страница за останатите училишта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар