15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

Кога не се сакате себеси, поминувате толку многу време обидувајќи се да најдете важност и вредност на друг начин, што станувате слаби, несигурни и неспособни да им ја возвратите љубовта на луѓето кои го заслужуваат тоа. Сите сме ги имале тие моменти: кога сме ја изгубиле работата, кога ни се скршило срцето, кога сме повредиле некого. Животот е полн со ситуации кои нѐ тераат да заборавиме да се цениме и почитуваме себеси. Но, има една личност која ќе ве сака и покрај сѐ: вашата најдобра пријателка. Таа ќе остане покрај вас и во најтешките моменти и ќе го гледа вашиот потенцијал дури и кога вие ќе заборавите дека го имате. Ова се 15-те моменти кога таа ве потсетила да се сакате себеси.

15 моменти кога сте заборавиле да се сакате себеси, но вашата најдобра пријателка не

1. Кога сте ја изгубиле работата и кога ви помогнала да откриете каде всушност лежи вашата вистинска страст и интерес.

2. Кога не сте биле во врска со момчето кое ви се допаѓало и кога таа ве потсетила дека не вреди да го трошите вашето драгоцено време на него.

3. Кога сте испиле малку повеќе, а таа ве потсетила на 84-те личности од синоќа кои биле во полоша состојба од вашата.

4. Кога сте го замениле тоа што го сакате за тоа што мислите дека е кул, а таа ве потсетила кои сте без да ве суди за тоа кои сте постанале.

5. Кога сте аплицирале на факултетот од вашите соништа и не ве прифатиле, а таа ви докажала дека не е крај на светот.

6. Кога сте запреле да го сакате вашето тело и да си ја давате самопочитта која ја заслужувате, а таа ви донела сладолед и ве потсетила дека сте една од најубавите девојки кои ги познава.

7. Кога сте ставиле протези на 19 години и кога таа сепак продолжила да се фотографира со вас.

8. Кога не сте успеале да влезете во популарниот круг на пријатели, а таа ве потсетила дека сте двојно подобри и поинтересни од сите личности од групата заедно.

9. Кога сте страдале од најлошиот ПМС досега и кога ви донела 2 тона чоколадо и вино и ве слушала како ја колнете целата човечка раса.

10. Кога сте направиле грешка и вината ве уништувала, а таа ве потсетила дека сте само човек и дека луѓето понекогаш грешат.

11. Кога сѐ уште сте живееле дома дури и откако сте дипломирале, а таа ве потсетила на сите пари кои сте ги заштедиле на кирија и стресот кој никогаш не сте го почувствувале од делење простор со лоши цимери.

12. Кога сте му се вратиле на момчето за кое сте знаеле дека не ве заслужува и таа ви дозволила да се жалите колку што ви е потребно, паралелно држејќи се до својот став дека тој за неа непотребно го троши воздухот.

13. Кога сте дозволиле некој друг да ве дефинира кои сте и кога таа ви дала време одново да се откриете.

14. Кога вашиот шеф направил да се чувствувате мали, а таа ве потсетила колку сте всушност силни.

15. Кога се чувствувате сами и кога ќе се сетите дека тоа не е можно бидејќи имате најдобра пријателка како неа.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар