15 моќни цитати од Ф. М. Достоевски

15 моќни цитати од Ф. М. Достоевски

Автор: Зорица Тодорова

Фјодор М. Достоевски, најзначајниот руски писател и столб на реализмот како литературен правец, никогаш нема да престане да нѐ воодушевува со неговото длабоко разбирање на човековата психологија. Претставувајќи ја проблематичната политичка, социјална и религиозна атмосфера на Русија во 19-от век, неговите дела се одразуваат на нас дури и денес. Доколку ја прочитавте „Злосторство и казна“ само затоа што ви беше задолжителна лектира во средно училиште, ние ќе ве мотивираме да прочитате уште некое од неговите ремек-дела.

3-15-mokjni-citati-od-f-m-dostoevski-kafepauza.mk

„Пред сѐ, не лажете се самите себеси. Оној што се лаже себеси и ги слуша сопствените лаги доаѓа до состојба кога не може да ја препознае вистината во себе и околу себе, и така губи секаква почит спрема себеси и другите. А немајќи никаква почит, престанува да љуби.“

„Убавината е истовремено и таинствена и ужасна. Господ и ѓаволот таму се борат, а бојното поле е срцето на човекот.“

„Зашто жената – тоа ти е брате, ѓаволот знае што е, барем нив добро ги познавам! Само обиди се пред неа да ја признаеш сопствената вина: ‘Виновен сум’, – речи – ‘прости ми, извини’ – ќе ти упати цел порој префрлања. Воопшто таа нема да ти прости веднаш и просто, туку ќе те понижи како крпа, ќе ти го нареди и она што не било, сѐ ќе земе, ништо нема да заборави, дури и ќе додаде нешто свое, и дури тогаш ќе ти прости. И тоа најдобрата, најдобрата меѓу нив! Ќе ти истружи сѐ што може, потоа сѐ ќе ти натовари на главата – во нив се крие некакво мршојадство, во сите до последната, во тие ангели, без кои не можеме да живееме.“

„Луѓето, сета таа комедија ја сметаат за нешто сериозно. И покрај сиот свој неоспорен ум. И во тоа е нивната трагедија. И се разбира, страдаат, но… но затоа живеат, живеат реално, не фантастично, зашто страдањето и е живот!” – Браќата Карамазови

„Човекот е несреќен затоа што не знае дека е среќен. Само тоа е.“ – Демони

2-15-mokjni-citati-od-f-m-dostoevski-kafepauza.mk

„Хм… да, сѐ е во рацете на човекот а тој дозволува да му побегне од кукавичлук, тоа е начело. Би било интересно да се знае што е тоа од што мажите најмногу се плашат. Преземање нов чекор, изговарање нов збор, тоа ги плаши најмногу… Но јас веќе зборувам премногу.“

„Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една длабока интелигенција и големо срце. Навистина големите луѓе мораат, сметам, да проживеат голема тага на оваа земја.“ – Злосторство и казна

„Дека човекот милува да создава и да пробива патишта е сосем неоспорно. Туку зошто тој тогаш толку страсно исто така ги сака и уривањето и хаосот?“

„Од очајот доаѓаат најдлабоките задоволства, особено кога е човек крајно свесен за безнадежноста на својата состојба.“ – Записи од подземјето

„И сега повторно си го поставив прашањето: дали ја љубам? И повторно не можев да си одговорам, т.е. повторно, по стоти пат, одговорив дека ја мразам.“ – Коцкар

1-15-mokjni-citati-od-f-m-dostoevski-kafepauza.mk

„Индивидуалното добро дело секогаш ќе постои, зашто тоа е потреба на личноста, жива потреба за директно влијание на една личност врз друга.“

„Суштината на религиозното чувство не се подведува под никакви расудувања, под никакви грешки и злосторства и под никакви атеизми; тука е секогаш нешто друго; тука има нешто такво околу кое вечно ќе се слизнуваат атеизмите и вечно ќе зборуваат ‘не за она’.“

„Има луѓе за кои е тешко да се каже нешто такво кое би можело да ги претстави наеднаш и целосно во нивниот најтипичен и најкарактеристичен изглед; тоа се оние луѓе, кои обично се нарекуваат ‘обични’ луѓе, ‘множество’ и кои и навистина го претставуваат најголемото множество на секое општество.“

„Дали е вистина, кнезу, дека еднаш сте кажале како ‘убавината’ ќе го спаси светот? ‘Господа’, им се обрати тој гласно на сите, ‘кнезот инсистира дека убавината ќе го спаси светот! А јас инсистирам дека тој има така весели мисли затоа што е заљубен.’“ – Идиот

„Зар под вакво небо можат да живеат секакви лути и хировити луѓе?“ – Бели Ноќи


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар