15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

Овие петнаесет цитати зрачат со љубов кон креветот и слаткиот сон, исто како што и вие го сакате вашиот мил кревет кога треба да станете за на работа или предавања. 15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

„Ако сакаш да го оствариш неостварливиот сон, оди легни си.“ – Џоан Клемпнер

„Единствените зборови што ги разбирам наутро се ‘врати се во кревет’ и ‘сланина’.“ – Непознат

„Нема толку убаво изгрејсонце што може да ме натера да станам за да го видам.“ – Минди Кејлинг

15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

„Никогаш не сум вежбал ништо друго освен спиење и одморање.“ – Марк Твен

„Чувството на поспаност кога не си во кревет и не можеш да стигнеш до него е најлошото чувство на светот.“ – Едгар Вотсон Хоу

„Сакам да спијам затоа што тоа е како временска машина до појадокот.“ – Непознат

15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

„Обожавам да спијам. А ти? Нели е супер? Тоа навистина е најдоброто од двата света. Ем си жив, ем си несвесен.“ – Рита Раднер

„Луѓето што ’рчат секогаш заспиваат први.“ – Непознат

„Толку сум добар во спиењето, што можам да го правам тоа со затворени очи.“ – Непознат

15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

„Спиењето е златниот синџир кој ги поврзува заедно нашите тела и здравјето.“ – Томас Декер

„Спијам осум часа на ден и барем десет часа на вечер.“ – Бил Хикс

„Имам состанок вечерва… со мојот кревет. Сигурно ќе спиеме заедно.“ – Непознат

15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

„Ниеден ден не може да биде толку лош да не може да се поправи со една дремка.“ – Кери Сноу

„О, кревету! О, кревету! Прекрасен кревету! Ти рају на земјата за изморената глава.“ – Томас Худ

„Кога времињата се тешки, цврстите луѓе си дремнуваат.“ – Том Хоџкинсон

15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар