15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Новогодишните и божиќните празници се веќе на прагот, а вас ве измачува следново прашање: Што да им купите на пријателите и семејството? Супер е ако знаете што сакаат, но тоа не е секогаш случајот. Доколку навистина немате поим што би им подариле, следниве 15 креативни и корисни подароци сигурно ќе им се допаднат и ќе направат да се чувствуваат посебно…

1. Подметнувачи за чаши

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Подметнувачите се подароци што сигурно нема да собираат прашина на полиците. Лесно можете да ги направите со плочки од плута. Ќе треба само да ја исечете посакуваната форма и да ја обоите. Можете да искористите и плочки од играта Scrabble. Измислете зборови и пуштете се во акција!

2. Фотографија

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Можете да подарите неколку слики на многу уникатен начин, така што ќе направите фото сложувалка или кутија полна со најтоплите спомени. Не е толку тешко колку што изгледа!

3. Уникатна свеќа

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Ваквите свеќи кај секого можат да го разбудат празничниот дух. Најважно е што нема да ви треба многу време за да ги направите.

4. Плетено ќебе

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Во текот на студената зима нема ништо подобро од големо, топло, исплетено ќебе. Нема да ви требаат игли за плетење за да го исплетете ќебето на сликава. Можете да го исплетете само со помош на вашите раце, ако ја научите оваа техника.

5. Ракавици

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Не треба да одите на час по плетење за да ги направите овие ракавици. Само замислете колку многу топлина ќе им дадете на вашите најблиски со ваквиот подарок! Погледнете ги деталните упатства и фатете се за работа.

6. Шолји во новогодишен дух

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Шолјите можете да ги направите какви што сакате. Само одберете ја бојата и стилот што најмногу ви се допаѓа: Светки, шолја во 2 бои или слатки слики.

7. Пакетче со производи за топло чоколадо

15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските

Ова е многу едноставен и вкусен подарок: Пакетче полно со сите состојки што се потребни за да се направи топло чоколадо! Чоколадо, шлаг, карамела, вафли, какао и уште многу други што ќе ви паднат на памет. Одберете уникатен начин на пакување, како на пример спакувајте ги производите во новогодишен лампион.

Продолжете на следната страница за останатите креативни подароци…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар