15 интересни и лесни трикови за креативна игра на вашите деца

Мајките и татковците, за да си ја олеснат работата, многу често применуваат одредени трикови со кои ги прават своите деца среќни и постојано забавувани со интересни игри… Или барем ќе ги држат по настрана од неволји. Единствено што ви треба за да внесете свежина во вашето секојдневие е желба за креативност и многу малку потребни материјали. Ќе се зачудите колку е едноставно да создадете забава за целото семејство. Верувајте, децата ќе ви бидат многу благодарни.

1. Печати од компири

(2)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_

Исечете неколку компири и обликувајте различни форми, во вид на печат. Дајте му на вашето дете водени бои и голем лист хартија.

2. Вода во кофичка и четка, за бојадисување на оградата

(3)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_

Неверојатно интересен трик е доколку на децата им наполните една кофичка со вода и им дадете четка. Излезете надвор и нека ја бојадисуваат оградата. Оваа задача има две придобивки – децата ќе бидат на свеж воздух и ќе бидат „многу“ зафатени, така што ќе можете да се посветите на вашите обврски.

3. Грицки во чинија со мал отвор

(4)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_

Сите знаеме дека децата знаат да бидат многу мирни доколку им дадеме нешто да грицкаат. Изберете некој вид здрави, поситни крекери кои ќе ги ставите во мала чинија со отвор (слично како на фотографијата). На тој начин децата ќе бидат мирни, а притоа нема да изедат многу од крекерите затоа што потешко се пристапува до нив.

4. Хартиена чинија за капките од сладолед

(5)-15-interesni-i-lesni-trikovi-za-kreativna-igra-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_

Станува збор за неверојатен трик како да го избегнете здодевното капење на сладоледот што го јаде вашето дете. Земете една хартиена чинија (која што е вообичаена за детските родендени), во средината направете една мала дупка и низ неа протнете го стапчето на сладоледот или врвот од корнетот. Капките сладот нема да паѓаат на теписоните, туку ќе се собираат на чинијата.

5. Ѓердан од мали сунѓерчиња за жешките летни денови

15 интересни и лесни трикови за креативна игра на вашите деца

Во жешките летни денови, можете да земете еден сунѓер (обичен кој се користи при капење), да го исечете на мали парчиња и потоа да ги нанижете на врвка. На тој начин ќе направите ѓердан кој ќе го ставите околу вратот на вашите деца, а притоа редовно ќе можете да го мокрите со свежа вода, која што ќе ги разладува на топлото време.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар