15 интересни факти за Габриел Гарсија Маркес кои веројатно не сте ги знаеле

15 интересни факти за Габриел Гарсија Маркес кои веројатно не сте ги знаеле

Сè поголем број литературни критичари се согласуваат дека Габриел Гарсија Маркес, заедно со Хорхе Луис Борхес и Хулио Кортазар, е еден од најголемите латино-американски писатели на 20-от век. Тој во текот на својата кариера продал над десетици милиони примероци од своите дела, меѓу кои и врвните „Сто години самотија“ и „Љубов за време на колера“. Но, покрај вообичаените податоци, колку навистина знаете нешто повеќе за неговиот живот и дело? Ве уверуваме дека досега сигурно не сте слушнале за следниве неколку интересни факти поврзани со животот и делото на Гарсија Маркес.

(0) 15-interesni-fakti-za-gabriel-garsija-markes-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

1. Гарсија Марекс пораснал кај неговите баба и дедо, откако родителите се преселиле во Баранквила.

2. Идејата за „Сто години самотија“ ја добил додека го возел семејството кон Акапулко на годишен одмор. Сакал да почне со пишување во истиот момент, па затоа веднаш го сменил правецот и се упатил кон дома.

3. Имал имот од седум куќи во четири земји.

4. Му биле потребни 7 години за да најде издавач за „Лист бура“.

5. Во време на најдлабоката сиромаштија, Гарсија Маркес живеел во четирикатен бордел „Облакодер“, кој тогаш бил една од најголемите згради во гратчето Баранквила.

2-15-interesni-fakti-za-gabriel-garsija-markes-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

6. Книгата „Сто години самотија“ е продадена во 30 милиони примероци ширум светот.

7. Маркес студирал право на Националниот универзитет во Колумбија, но се откажал за да стане новинар.

8. Сопругата Мерцедес ја запознал на деветгодишна возраст. Стапиле во брак 17 години подоцна.

9. Кога го прашале како почнал да пишува, тој одговорил дека во тоа му помогнало цртањето. Во една прилика изјавил: „Јас цртав стрипови дома и на училиште, дури пред да научам да читам и пишувам.“

10. Бил голем вљубеник во филмот и еднаш работел како филмски критичар за списанието „El Espectador“.

(2) 15-interesni-fakti-za-gabriel-garsija-markes-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk

11. Маркес не сакал филмска верзија на „Сто години самотија“ бидејќи сметал дека никој нема да успее да ја долови суштината во целост.

12. Бил многу суеверен и никогаш не носел злато.

13. Негови книжевни херои биле Ернест Хемингвеј и Вилијам Фокнер.

14. Додека ја пишувал „Сто години самотија“ Маркес пушел шест кутии цигари дневно.

15. На работното биро секогаш имал жолта роза или лале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар