15 инспиративни цитати кои ќе ве уверат дека не треба да се откажувате од вашите цели

Колку пати сте посакале нешто, а потоа сте се откажале бидејќи сте помислиле дека е невозможно да го добиете? Треба да имате јасно зацртани, но реални цели кои ќе ве водат во иднина. Работете на тоа да ги исполните и никогаш не се откажувајте од нив. Како пример за ова ќе ја земеме Џоан Роулинг која својата светска слава ја стекна со серијата романи за Хари Потер. Денес решивме да се потсетиме на некои од најмоќните изјави од оваа британската авторка која ќе ги инспирира луѓето од сите генерации.

1-10-inspirativni-citati-koi-kje-ve-uverat-deka-ne-treba-da-se-otkazhuvate-od-sopstvenite-celi-www.kafepauza.mk_

„Она што доаѓа ќе дојде, а ние само треба да го пресретнеме кога тоа ќе се случи.“

„Не треба да живееме во соништата, па да заборавиме вистински да живееме.“

„Неуспехот значи отстранување на неважното. Престанав да се преправам пред самата себе дека сум што било друго од она што сум и почнав да ја пренасочувам целата моја енергија кон завршување на единствената работа што ми е важна.“

„Невозможно е да живеете, а да не доживеете неуспех, освен ако не живеете толку внимателно што воопшто нема ни потреба да живеете.“

„Животот честопати е болен, но секогаш вреден.“

„Понекогаш треба да ја промените перспективата или да побарате помош.“

„Сознанието дека сте станале помудри и посилни и покрај препреките значи дека сте сигурни во вашата способност за преживување.“

„Рамнодушноста и занемарувањето понекогаш нанесуваат повеќе штета отколку директното покажување дека некој не ни се допаѓа.“

2-10-inspirativni-citati-koi-kje-ve-uverat-deka-ne-treba-da-se-otkazhuvate-od-sopstvenite-celi-www.kafepauza.mk_

„Никогаш не се срамев од мојата депресија. Зошто да се срамам? Имав тежок период во животот и се гордеам со тоа што го преживеав.“

„Би сакала да бидам запаметена како некој што го направил најдоброто што можел со талентот кој го поседувал.“

„На некој начин, почнувате да мислите дека сѐ е можно ако имате доволно храброст.“

„Оние кои добиле многу повеќе од она што им е потребно, имаат морална одговорност да направат мудри работи со тоа.“

„Никогаш нема вистински да се запознаете себеси ниту силата на вашите врски, сѐ додека не ве тестира маката.“

„Без разлика на парите кои можеби ги имате, вашата вредност лежи во откривање на она што најдобро го правите.“

„Талентот и интелигенцијата сѐ уште не вакцинирале никого против каприцот на судбината.“

Прочитајте ги и овие моќни цитати што ќе ве поттикнат да живеете онака како што сакате.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар