15 едноставни нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жени

Постојат некои работи кои предизвикуваат задоволство кои само жените можат да ги разберат. Зарем има нешто подобро од соблекување штикли или градник по напорен ден или пак, влегување во жешка пенлива бања по долгата недела? Погледнете ги наредниве 15 едноставни нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај жените…

15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жени

1. Соблекување тесни фармерки. Вашата работа е да се изборите со нив, но слободата која ја чувствувате подоцна прави оваа битка да вреди.

2. Отпуштањето на косата од коњско опавче. Бидејќи злобната болка во коренот на косата мора да престане!

3. Поправање скршен нокт. Сите жени знаат какво чувство на терор се појавува кога ќе се скрши некој од ноктите. Но, исто така знаат и какво интензивно чувство на задоволство се појавува кога во рацете конечно ќе земат турпија за нокти.

4. Ставањето крема на вашите суви раце. И одеднаш се чувствувате дека вашата кожа може повторно да дише!

5. Соблекувањето на штиклите по излегувањето. Не постои ништо подобро од извлекување на вашето стапало од овој „затвор“ и поставувањето во удобни и меки папучи. Ах.

(1) 15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жени

6. Влегувањето во топла пенлива бања. Прекрасно!

7. Чистење на порите. Ова е малку гадно, но чувството кое се појавува додека гледате како излегуваат нечистотиите од вашето лице е неверојатно позитивно.

8. Звукот на крцкање кој го испуштаат продуктите за убавина кога се затвораат. Кармин, маскара, огледала… Има нешто многу позитивно во нивното затворање.

9. Пиење вода по вежбање. Вие можете да го почувствувате еликсирот на животот како преминува во вас.

10. Соблекувањето на градникот на крајот од денот. Не постои ништо порелаксирачко од ослободување на градите.

(2) 15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жени

11. Нанесување балсам за усни. Рај. Сјаен и мек рај.

12. Миењето коса кога ви е многу мрсна. Во ред е. Секоја жена имала период кога ја миела својата коса на неколку дена подолго од социјално прифатениот временски период, но токму тоа е она што предизвикува поголемо задоволство од чистата коса.

13. Нанесување туш во права линија на вашите очни капаци од прв обид. Успеавте! Знаевте дека го имате тоа во себе!

14. Добро истегнување. Она кое ве тера да испуштите силен звук на опуштање. Уште поголемо задоволство доживувате и ако вашите коски крцнат.

15. Местењето на вашиот градник кога ве боде во ребрата. Ах, тоа е подобро!

(3) 15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жени

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар