14-те најлоши интервјуа за работа

14-те најлоши интервјуа за работа

Сигурно сакате вашето интервју за работа да помине совршено. Внимавате како ќе изгледате и внимателно размислувате пред да кажете нешто. Но, понекогаш работите не одат по план па интервјуто може да се претвори во вистинска катастрофа. Прочитајте ги овие вистински приказни за некои од најлошите интервјуа за работа.

Girl crying desperately at home

1. „Почнав да плачам сред интервјуто“

„Ноќта пред интервјуто ја сонував мајка ми и бев навистина тажна. На интервјуто ми поставуваа многу прашања за семејството, и немаше избегнување – почнав да плачам. Жената која ме интервјуираше рече дека нема да го спомне тоа, но сè уште чекам да ми се јават. Сега се смеам кога ќе се сетам на ситуацијата.“

2. „Му помагав на девојче кое повраќаше…“

„На една жена во едно групно интервју ѝ стана лошо и поврати. Си помислив дека ќе оставам добар впечаток ако ѝ помогнам, па со неа го исчистив нередот. Кога се вратив на интервјуто, сфатив дека тие продолжиле без мене. Никогаш не добив повик од фирмата.“

3. „Извикав: Ова се глупости!“

„Неодамна бев на интервју за работа и во просторијата бевме само јас и жената која ме интервјуираше. Ми правеше тест за логичко размислување. Тестот имаше 10 прашања кои стануваа сè потешки. Кога стигнав до 7-то прашање само извикав: ‘Ова се глупости!’“

Close-up portrait of screaming and angry man

4. „Прашав како да ја завршам работата“

„На интервјуто за работа ни дадоа практичен тест, да поправиме процесор. Сите завршија со тестот, а јас сè уште го немав ни вклучено. Тогаш го замолив човекот кој нè надгледуваше да ми покаже како да го направам тоа.“

5. „Ни рекоа да донесеме предмет кој нè претставува…“

„Секој од кандидатите требаше да донесе предмет за којшто смета дека го претставува. Па, јас ја однесов мојата корнеа (имав трансплантација). Сите беа шокирани, но барем го добив работното место и сè уште работам таму.“

6. „Ме прашаа што сакам да читам на Интернет“

„Кога бев во средно аплицирав за една пракса во војската. Бев обична 16-годишна девојка и бев навистина наивна. На интервјуто ме прашаа што сакам да читам на Интернет, а јас им кажав дека ги сакам теориите на заговор. Го кажав ова аплицирајќи за пракса во војска! Се разбира дека не го добив местото.“

Spy

7. „Сопственикот речиси нападна еден вработен“

„Моето прво интервју за работа беше во една градежна компанија. Кога пристигнав, сопственикот ме замоли да го почекам додека разговара со еден вработен. Одеднаш слушнав викање. Сопственикот му викаше и физички му се закануваше на еден вработен, обвинувајќи го дека пиел на работното место. Веднаш сакав да заминам од таму.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар