14 познати фотографии што го измамија светот - Part 2

14 познати фотографии што го измамија светот

8. Неочекуван дует

14 познати фотографии што го измамија светот

И фотографијата од Џон Ленон и Че Гевара е лажна. На фотографијата навистина се наоѓа Џон Ленон, но некој ја додал главата на Че Гевара. На вистинската фотографија се наоѓа Вејн Габриел.

9. Уште една фотографија од Кенеди и Монро

14 познати фотографии што го измамија светот

Ова е уште едно дело на Алисон Џексон кое се прославило благодарение на озборувањата за аферата на Кенеди и Монро. Алисон искористила двојници на Монро и Кенеди за да ја направи скандалозната фотографија.

10. Дејвид Боуви и Леми од Motorhead

14 познати фотографии што го измамија светот

Многумина веруваат дека на фотографијата навистина се наоѓаат Боуви и Леми. Но вистината е откриена откако е пронајдена оригиналната фотографија на која се наоѓаат Леми и неговата девојка.

11. Фотографии со духови

14 познати фотографии што го измамија светот

Вилијам Х. Мамлер станал познат по неговите фотографии со духови. Негови клиенти биле личности како Мери Тод Линколн, Абрахам Линколн и Џон Џ. Гловер. Вилијам правел фотографии од сите нив со духовите на нивните роднини и сите му верувале. Популарноста на фотографот се намалила кога Моузес А. Доу сакал Вилијам да му направи портрет. Кога ја добил фотографијата, Моузес бил сигурен дека „духот“ на фотографијата е всушност асистентката на Вилијам.

12. Првото амбулантно возило

14 познати фотографии што го измамија светот

Ако ја пребарате оваа фотографија на Интернет, ќе добиете податоци дека тоа е првото амбулантно возило. Всушност ова е само амбулантното возило на морнарицата на САД.

13. Познат портрет

14 познати фотографии што го измамија светот

Иконскиот портрет на Абрахам Линколн е можеби еден од најпознатите. Големо изненадување за сите е тоа што портретот е составен од 2 фотографии. Некој го искористил телото на Џон Калоун и ја додал главата на Абрахам.

14. Младите Вилијам Харли и Артур Дејвидсон

14 познати фотографии што го измамија светот

Некои мислат дека луѓето на фотографијата се Вилијам Харли и Артур Дејвидсон, основачите на Харли Дејвидсон. Но, ова се само двајца обични момци кои имале можност да се фотографираат со моторите.

Погледнете ги и фотографиите кои засекогаш го променија Интернетот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар