14 инспиративни цитати за богатството и оптимизмот

14 инспиративни цитати за богатството и оптимизмот

Животот честопати нѐ учи на најразлични лекции со цел подобро да се соочиме со себе и своите грешки и успешно да продолжиме напред. Но, најважната лекција која ни ја кажува е тоа дека вистинските богатства не се материјалните, туку апстрактните работи, длабоките и позитивни емоции и мисли и волјата. Во тој контекст, прочитајте ги овие 14 цитати за богатството и оптимизмот и исполнете го својот ден со мудрост и инспирација.

14 инспиративни цитати за богатството и оптимизмот

„Здравјето е вистинско богатство, а не парчињата злато и сребро.“ – Махатма Ганди

„Не е среќен оној кој го има тоа што го сака, туку оној што не го сака тоа што го нема.“ – Латинска поговорка

„Раката која дава, секогаш е над онаа која прима.“ – Дидро

„Богатството не се мери со материјалната вредност која човекот ја поседува, туку со честа која ја стекнал.“ – Епикур

„Лесно е да се биде богат, тешко е да се биде среќен.“ – Романска поговорка

„Не е во нас погрдно да бидеме сиромашни, туку да не се воздигнеме со својата работа.“ – Перикле

„Сиромашните посакуваат богатство, богатите рај, а мудрите мир.“ – Свами Рама

„Да се биде задоволен со тоа што се има е најголемото и најсигурното богатство“ – Цицерон

„Љубовта на семејството и восхитот на пријателите се многу поважни од богатството и привилегијата.“ – Чарлс Курлат

„Не е богат оној кој има многу, туку оној кој многу дава.“ – Ерих Фром

„Богатството треба да се искористи, а не да се злоупотреби.“ – Сенека

„Како што тесната облека смета во движењето на телото, така богатството смета во движењето на душата.“ – Индијанска поговорка

„Колку што имаш, толку вредиш.“ – Хорациј

„Во сонот сите сме еднакво богати.“ – Унгарска поговорка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар