14 инспиративни цитати кои ќе ве натераат да ги следите вашите соништата

14 инспиративни цитати кои ќе ве натераат да ги следите вашите соништата

Многумина од нас се воздржуваат за некои работи поради стравот од непознатото. Но животот почнува кога ќе се одлучиме да го следиме нашето срце, без разлика на последиците. Да се оствари еден сон е зачекорување во непознатото и несигурното. Тоа е и причината поради која денес решивме да ви издвоиме неколку цитати кои ќе ве инспирираат да ги следите вашите соништа.

citati-koi-kje-ve-inspiriraat-da-gi-sledite-vasite-sonista-kafepauza.mk

„Најголемата авантура што можете да ја доживеете е да го живеете животот од вашите соништа.“ – Опра Винфри

„Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“ – Еленор Рузвелт

„Сите наши соништа можат да станат реалност, ако ја имаме храброста да ги следиме.“ – Волт Дизни

„Држете се цврсто до своите соништа, бидејќи ако соништата умрат, животот станува птица со скршено крило што не може да лета.“ – Лангстон Хју

„Да ја создадеме иднината денес, за нашите соништа да станат реалност утре.“ – Малала Јусуфзаи

„Верувајте во соништата. Реалноста е грешка. Соништата се реални.“ – Тупак Шакур

„Фрлете ги вашите соништа во вселената како змеј бидејќи не знаете што ќе ви донесат – нов живот, нов пријател, нова љубов, нова земја.“ – Анаис Нин

„Сонувајте како да ќе живете засекогаш. Живејте како да ќе умрете денес.“ – Џејмс Дин

„Вчера е само едно денешно сеќавање, а утре е денешниот сон.“ – Калил Гибран

„Соништата најчесто се најзначајни кога изгледаат најлудо.“ – Зигмунд Фројд

„Треба да сонувате пред да ви се остварат соништата.“ – Абдул Калам

„Никогаш не се откажувајте од она што навистина сакате да го правите. Личноста со големи соништа е помоќна од личноста со сите факти.“ – Џексон Браун

„Подобро е да ризикувате да гладувате до смрт отколку да се предадете. Ако се откажете од вашите соништа, што друго останува?“ – Џим Кери


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар