13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

Дали имате навика претерано да размислувате за нештата, така што ви се чини дека ќе ви експлодира главата? Не грижете се, не сте единствени и знаеме како ви е. За утеха, ова се 13 проблеми со кои се соочуваат сите оние кои претерано размислуваат за сè и сешто.

13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

1. Вие сте хипохондрици

Иако е само мамурлак, вие сепак ќе ги изгуглате сите симптоми за на крај да ви се пресечат нозете бидејќи испаѓа дека имате некоја страшна болест (или неколку). Сега вашиот мозок интензивно се впушта во процес на размислување и анализирање, така што мислите дека имате само уште неколку месеци живот.

2. Вие сте ноќна мора за келнерите

Процесот на размислување што да се јаде или пие и колку сте гладни за да порачате нешто тешко или лесно, е долг. Келнерот можеби превртува очи додека размислувате, ама и вам не ви е лесно кога чувствувате дека некој ве става под притисок и ве брза. Сега келнерот замина да ја предаде порачката, а вие како да се двоумите. Од сега дефинитивно ќе одлучувате пред да влезете во ресторан.

3. Пишаната комуникација е вистински стрес за вас

Како треба да му се обратите на вашиот шеф или надреден по порака за да не звучите ни премногу лежерно но ни премногу сериозно? Плус, што значеше тоа што вашата другарка не ви стави смајли во пораката иако секогаш става? Лута ли е, но зошто? Ах, само да можевте да читате мисли.

13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

4. Месечниот циклус е вашиот најголем непријател

Хормоните ви се кренати до плафон но вие сепак ја имате таа непресушна потреба да анализирате сè и претерано да размислувате, па сега буквално сите ви одат на нерви и посакувате да живеете на планина.

5. Текстовите на песните имаат големо значење за вас

Зошто вашиот бивш ја постирал таа песна? Да обратиме внимание на текстот, можеби мисли на вас.

6. Каде да продолжите со образованието ви беше една од најтешките одлуки

Многу е важно каде ќе одите на факултет, па затоа минавте денови запишувајќи предности и недостатоци на секоја гранка. На вашите родители им дојдовте преку глава, па беа на работ едноставно да ви речат дека нема да се запишете нигде.

13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

7. Вие сте кралеви/кралици на драмата

Само малку утнавте нешто на работа и веќе минувате часови размислувајќи кои би биле последиците, дали ќе бидете казнети, како да ја поправите работата, и на крај, доколку вие бидете казнети дали е фер со оглед на тоа што минатата недела вашиот колега не беше а направи поголема беља.

8. Ви се случува да имате непроспиени ноќи

Заради секакви причини. Едноставно се превртувате со часови размислувајќи и потејќи се. Зошто тоа мораше да биде така? Зошто не постапивте поинаку? Зошто некој се однесува така? Знаете дека не вреди и дека ништо добро од тоа не може да излезе, но не можете да си помогнете себеси.

13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

9. Социјалните мрежи не ви се баш лесни за работа

Пред да напишете или постирате што било, мора да размислите макар 10 пати. Дали е граматички и правописно точно, кој би бил директно засегнат од тоа, дали сте навредиле некого па затоа ве тргнал од листата на пријатели?

10. Ви се случило да не заминете на состанок бидејќи немате што да облечете

Саат време стоевте пред плакарот и на крај заклучивте дека немате ни една добра комбинација. Сега, нема да имате ни момче/девојка.

13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат

11. Постојано се грижите

Дури и за нешта кои не ве засегаат директно. Ова е веќе премногу.

12. Долг е процесот на пазарење

Мислите дека би ја извадиле од такт и најтрпеливата личност. Сè што ќе купите треба да биде добро, квалитетно, да го носите подолго време, да вреди за парите и да пресметате дали може да си го дозволите, секако.

13. Не можете да поднесете тишина

За што размислуваат другите? Зошто никој не зборува? Супер, сега не можам да дишам правилно и моето дишење се слуша.

13 внатрешни битки што ќе ги разберат само оние кои многу размислуваат


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар