13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

На јавноста отсекогаш ѝ било потребно нешто неверојатно, а циркусите се едни од местата што го нудат токму тоа. Циркуските перформанси може да предизвикаат многу емоции. Тие нè инспирираат и нè изненадуваат со неверојатните трикови. Па, погледнете некои од најчудните циркуски точки со луѓе кои изгледаат како суперхерои.

1. Алар, човекот стрела

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Панси Зедора, позната и како Алар, човекот стрела, изведувала со нејзината сестра и нејзиниот зет во циркусот Барнум и Бејли. Нивната точка се викала Летачките Зедора, а Панси била како живо оружје – била истрелувана како стрела низ мета од хартија, а потоа нејзината сестра која висела на трапез ја фаќала. Таа ја воодушевувала публиката со нејзината способност да „прелета“ големо растојание со неверојатна прецизност и грациозност.

2. Греди Стајлс, момчето рак

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Греди Френклин Стајлс бил изведувач во шоу на чудаци. Тој бил 6-та генерација од семејството Стајлс роден со дефект поради кој неговите дланки и стапала наликувале на канџи на рак. Татко му веќе бил дел од патувачки циркус, па момчето го следело и станало познато како момчето рак. Греди 2 пати бил во брак и имал 4 деца, од кои 2 ја наследиле неговата состојба.

3. Алојс Питерс, мажот со железен врат

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Алојс Питерс бил германски акробат со уникатна вештина – можел да скокне од платформа висока 23 метри со јаже околу неговиот врат и да го преживее сето тоа. Истовремено, јажето го повлекувало нагоре пред да падне на земјата. Ова резултирало со „летање“ нагоре и контролирано слетување. Тој ја изведувал својата точка во познат циркус од Берлин, како и на бреговите на САД во 1930-тите. Неговиот последен и трагичен перформанс бил во 1943-та година.

4. Мадмазел Октави Латур

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Оваа дама била возач каскадер и дел од циркусот Барнум и Бејли во 1905-та година. Во овој период автомобилите биле нова технологија. Нејзината точка се состоела од возење мал автомобил со голема брзина по патека која имала прекин од 6 метри. Таа се превртувала со својот автомобил и правела скок од 6 метри, слетувајќи на другиот дел од патеката.

5. Френк „Топовско ѓуле“ Ричардс

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Френк Ричардс можел 2 пати дневно да издржи топовско ѓуле од 47 килограми испукано во неговиот стомак. За да го направи тоа, тој ги замолувал луѓето да го удираат по стомакот. Потоа им дозволувал и да скокаат на неговиот стомак. Почнувал со 1 човек, а завршувал со 4-ца. Ова му овозможило да издржува и удари со голем чекан. Но неговиот најневеројатен перформанс е издржувањето на топовското ѓуле.

6. Џозефин Гиардели, огноотпорната жена

13-те најчудни циркуски точки и изведувачи

Џозефин прв пат ја извела својата точка во 1816-та година, и бидејќи навидум била имуна на топлина, била наречена „Огнена кралица“. Таа можела да држи врело олово во својата уста, да држи загреан метал на нејзината глава со голи раце, одела боса по врел метал и готвела јајца со нејзините раце во врело масло. Се сметало дека нејзините способности биле лажни, односно развивани со многу труд, посветеност и помош. Подоцна на својот перформанс додала и консумирање отров.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар