13 ресторани ширум светот каде што храната не е главната атракција

Обидувајќи се да ги изненадат своите муштерии, сопствениците одбираат интересни локации за своите ресторани како планини, дното на океанот, па дури и замрзнати замоци. Посетувањето на овие места не е само за храната, туку е за цело уникатно искуство кое нема да можете да го повторите на друго место. Во продолжение погледнете некои од рестораните со најнеобична локација.

1. Водопадите Лабасин, Филипини

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

На Филипините постои одморалиште наречено Вила Ескудеро и овде можете да го посетите ресторанот што се наоѓа на дното на мал водопад. Масите се наоѓаат директно во водата, а најчести посетители се луѓе кои сакаат да ја пробаат филипинската кујна во необична средина.

2. Грото, Тајланд

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Грото е романтичен ресторан лоциран во варовничка пештера на плажата Пра Нанг во Тајланд. Му припаѓа на одморалиштето Рајавади, но може да закажете маса дури и ако не сте сместени таму. Нивниот најпознат специјалитет е морска храна на скара која се служи неколку пати неделно. Во другите денови на гостите им се послужуваат лесна ужина и десерти.

3. Јадење на дрво, Тајланд

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Веројатно сопственикот сакал да дознае како е да јадете во гнездо. Ресторанот му припаѓа на одморалиштето Сонеа Кири Еко во Тајланд, а на келнерите сигурно никогаш не им е здодевно. Оброците се служат со помош на јажиња.

4. Замрзнат ресторант, Финска

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Селото на Дедо Мраз во Финска привлекува огромен број туристи секоја година. Покрај запознавањето со стариот волшебен човек, овде можете да посетите и ресторан кој е целосно направен со снег и мраз и е декориран со скулптури од мраз.

5. Ресторани Ниотаимори, Јапонија

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Овој тип ресторани се навистина познати низ Јапонија. Името Ниотаимори значи „служење храна од женско тело“. Без разлика на името, за служење користат и тела на мажи. Оваа традиција започнала во периодот на самураите и била дел од културата на гејшите. Тие ги пречекувале посетителите кои доаѓале од битки на овој начин.

6. Итаа, Малдиви

13 ресторани каде што храната не е главната атракција

Што велите за вечера со ајкули и желки? Овој ресторан се наоѓа на дното на Индискиот океан. Ова место е одлично за луѓето кои сакаат да го видат подводниот свет, но имаат страв од нуркање.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар