13 различни начини на кои девојките кои се постојано сингл го поминуваат својот викенд

13 различни начини на кои девојките кои се постојано сингл го поминуваат својот викенд

Ако веќе некое време сте сингл, тогаш сигурно веќе сте развиле одредени рутини кога станува збор за викендот. Вие сте слободни да правите сè што ќе посакате бидејќи покрај вас нема момче со чиј распоред треба да се усогласувате, па токму затоа и имате доволно простор за остварувањето на сите ваши идеи кои најчесто се состојат од следниве 13 активности за време на викендот…

13 различни начини на кои девојките кои се постојано сингл го поминуваат својот викенд

1. На социјалните мрежи

На крајот од секоја вечер вие не се прегрнувате со вашиот љубен, туку се движите надолу низ објавите на социјалните мрежи, започнувајќи разговори со згодни момци. Кога сте постојано сингл, си велите дека немате што да изгубите, па затоа и лесно се впуштате во безопасен флерт.

2. Пијано бакнување на танцовиот подиум

Ако сте постојано сингл, за вас викендите се изговор да се напиете неколку пијачки повеќе со цел да добиете храброст да му пристапите на најзгодното момче на танцовиот подиум. Кога сте под дејство на алкохол, музика и светла, вие многу лесно започнувате разговор, а потоа и секси танц.

3. Непланиран флерт со келнерот на појадок

Кога келнерот ви кажува кои се специјалитети на ресторанот, вам ви делува како тој да флертува со вас. Девојките кои се постојано сингл се преморени од љубовни состаноци, но сепак ги забележуваат згодните келнери чиј броеви лесно ги добиваат до завршувањето на оброкот.

4. Разменување телефонски броеви

Во истиот момент кога момчето со кое разговарате во клуб или бар ќе открие дека сте сингл, доколку е навистина заинтересиран ќе ви го побара вашиот број или ќе го запише неговиот во вашиот мобилен. На тој начин и ќе започнете со нешто ново и возбудливо.

5. Допишување преку пораки со момчето со кое сте размениле броеви

Добивањето порака од згодниот дечко кој претходната вечер го побарал вашиот број е исто како да го добиете подарокот кој сте го посакувале за роденден. Вие потоа ќе почнете да се допишувате, чекајќи ја секоја следна порака повеќе од претходната.

6. Маратонско гледање на омилената ТВ серија

Или барање на сосема нова ТВ серија која има потенцијал за маратонско гледање. Вие ги облекувате вашите најудобни тренерки и најтопли чорапи, си правите кафе или си турате чаша вино и потоа веднаш сте најсреќната девојка на оваа планета.

7. Читање одлична книга

Ако не сте фан на гледање серии, тогаш сигурно не ви пречи да се изгубите во новела исполнета со карактери кои чувствувате како да се ваши вистински пријатели. Преку нивните искуства вие доживувате еден сосема нов живот, целосно различен од вашиот.

8. Јадење пица под дејство на алкохол

Пицата е вечниот пријател со придобивки на секоја девојка која подолго време е сингл. Секогаш постои пицерија во ваша близина која работи 24/7 и каде што во секое време можете да најдете топла и вкусна пица. Со екстра кашкавал? Секако, зошто да не?

9. Јадење пица додека сте трезни

Кога не јадете пица во 2 по полноќ, вие јадете пица во 2 попладне. Исто како да сте во вистинска љубовна врска. Пицата најдобро ве сфаќа, знае точно што и како сакате и секогаш ве остава целосно задоволени.

10. Размислување дали да му пишете на бившиот

Кога не се допишувате со друг сингл дечко, вие размислувате дали да му пишете на вашиот бивш или не. Тоа води кон внатрешен разговор со себе за колку гордост треба да голтнете со цел да го направите овој чекор. Дали вреди да се направи тоа или не?

11. Дебатирање дали да имате секс или не

Вие сте слободни, па имате слобода да имате онолку секс колку што навистина сакате. Но, постојат многу фактори кои можат да влијаат на вашата одлука и прашања кои постојано ви се вртат во главата за да одлучите дали да го направите тоа или не.

12. Купување облека за состаноци кои сè уште ги немате

Оној мал црн фустан кој ви стои неверојатно во соблекувалната е совршен избор за вашиот следен љубовен состанок, кога ќе го договорите секако. За жал, момците најчесто ве покануваат на пијалак во ирски бар, а не на вечера на јахта за каде тој модел би бил соодветен.

13. Читање статии на интернет кои можат да објаснат зошто сè уште сте сингл

Вие досега сте поминале барем една цела саботна вечер во читање онлајн статии за љубов и врски со цел да откриете зошто вашиот статус постојано останува непроменет. 10 знаци кои покажуваат дека грешите во модерното состанување? Клик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар