13 работи кои секоја паметна жена треба да ги направи пред да наполни 30 години

30 можеби изгледа како голем број, но нема да го чувствувате како толкав товар ако се обидете да исполните барем неколку од оваа листа на работи кои треба да ги направите во вашите 20-ти. Животот не е наменет за да седите и да чекате да помине, туку треба да биде едно лудо, диво и незаборавно искуство. Уживајте ја секоја секунда од него пред да ви помине времето.

13 работи кои секоја паметна жена треба да ги направи пред да наполни 30 години

1. Патувајте низ светот

Но не само низ родниот крај и низ државата. Оставете ги корените зад себе и искусете ја културата бидејќи таа е најголемиот учител. Помислете на сѐ она што можете да го научите од однесувањето на другите луѓе, храната или различните обичаи.

2. Работете во сферата која ја сакате

Многу луѓе во своите 20-ти одат на пракса, стажираат или работат, но обично на некое практично работно место. Обидете се да најдете работа или да стажирате во некоја индустрија која ви се допаѓа. Ако се обидете сега, имате помал ризик да не успеете.

3. Бакнете некој од истиот пол

13 работи кои секоја паметна жена треба да ги направи пред да наполни 30 години

Експериментирајте додека сте млади бидејќи како што стареете, луѓето повеќе ќе ве осудуваат. Не е важно кој е полот, важна е личноста.

4. Зајакнете ги семејните вредности

Ако не сте блиски со семејството, поработете на тоа. Како што созревате, ќе заклучите дека семејството ви е и повеќе од потребно. Дури и ако имате некој силен конфликт, обидете се да го разрешите, но во никој случај не дозволувајте да ги уништите семејните вредности.

5. Ослободете се од токсичните луѓе во вашиот живот

Не трошете ги вашите денови со пријатели кои шират негативна енергија. Така само можете да остарите предвреме и залудно да ја потрошите младоста. Речете им збогум на оние кои го соборуваат вашиот дух.

6. Следете ги своите соништа

13 работи кои секоја паметна жена треба да ги направи пред да наполни 30 години

Доколку сакате да бидете актер, уметник, стенд-ап комичар или нешто слично кое е потешко да се постигне или е од непрактична природа, тогаш сега е вистинскиот момент за вас.

7. Правете лоши модни избори

Ова е декадата кога треба да ја бланширате косата, да носите поминати трендови и да ставите пирс онаму каде што сакате. Но, ако направите нешто што е трајно, тогаш погрижете се тоа да биде нешто што секогаш ќе го сакате. Испробајте стилови кои никогаш порано не сте се осмелиле да ги носите, бидејќи кога сте млади луѓето очекуваат да бидете импулсивни.

8. Следете го омилениот бенд или пејач на турнеја

Што и да правите, обидете се да го запознаете својот идол. И не заборавајте да направите многу фотографии.

9. Научете нов јазик

13 работи кои секоја паметна жена треба да ги направи пред да наполни 30 години

Научете нов јазик во период кога имате повеќе време за ново хоби или нов интерес. Можеби ќе запознаете некој згоден странец, никогаш не се знае.

10. Делете го местото на живеење со пријателите

Поминете некој период во кој ќе живеете заедно со пријателите. Ќе направите луди и забавни сеќавања кои ќе останат со вас засекогаш.

11. Одете на одмор со најдобрите пријатели

Независно дали станува збор за викенд или неделно патување, инвестирајте во еден добар одмор со пријателите и воопшто не грижете се за своите одлуки.

12. Бидете свесни за својот менструален циклус

13 работи кои секоја паметна жена треба да ги направи пред да наполни 30 години

Ова можеби звучи малку чудно во споредба со преостанатите работи на оваа листа, но познавањето на својот репродуктивен систем и општо на своето тело може да биде многу корисно за вашето здравје.

13. Елиминирајте ги своите финансиски долгови

Ако имате некаков долг, тогаш погрижете се за него што поскоро. Обидете да не трошите многу на безначајни работи и научете како да го менаџирате и организирате својот буџет. Немојте да дозволите да ја научите оваа животна лекција кога ќе биде веќе предоцна. Можеби сте млади, но тоа не значи дека треба да бидете неодговорни.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар