13 опседнати куќи и хорор приказните кои стојат зад нив

13 опседнати куќи и хорор приказните кои стојат зад нив

Хорор, убиства и духови на одамна умрени луѓе чии гласови би ги слушнале кога би поминале покрај овие куќи. Благодарение на фотографот Сеф Лолес, кој ги има уловено овие одамна напуштени куќи, можеме да ѕирнеме во нивната внатрешност на безбедна далечина. Познат по способноста вешто да фотографира напуштени, но не и заборавени објекти објекти, Сеф со својот фотоапарат патува низ Америка и ги пронаоѓа овие хорор куќи, притоа откривајќи ни ја нам приказната која стои зад нивната празнина.

И додека никој жив не се осмелува да стапне во овие куќи, Сеф Лолес храбро решил да влезе внатре за да ја дознае приказната која ги прогонува куќите и да ја раскаже преку своите неверојатни фотографии. Фотографиите ги има прикажано во неговата книга „13: Американска хорор приказна“.

Замокот Хот (Браш Парк, Мичиген) во 1941 година бил користен како бордел за мажите од повисоката класа. Неколку години подоцна, на таванот на борделот биле пронајдени неколку тела на мртви луѓе кои биле означени со круг на градите.

Хот замокот (Браш Парк, Мичиген) во 1941 година бил користен како бордел за мажите од повисоката класа. Неколку години подоцна, на таванот на борделот биле пронајдени неколку тела на мртви луѓе кои биле означени со круг на градите.

Приказната зад куќата Сојер е дека откако родителите се самоубиле истовремено, нивните четири мали деца продолжиле да живеат сами во куќата повеќе од десет години.

Приказната зад Сојер куќата е дека откако родители се самоубиле истовремено, четирите деца продолжиле да живеат сами во куќата повеќе од десет години.

Куќата Нова (Јонгстоун, Охајо) е местото каде Бенџамин Олбрајт не сакајќи го застрелал својот син, за потоа во 1958 година да ја убие жена си и себе поради грижа на совест.

Куќата Нова (Јонгстоун, Охајо) е местото каде Бенџамин Олбрајт несакајќи го застрелал својот син, за потоа во 1958 година да ја убие жена си и себе поради грижа на совест.

Во опседнатиот замок-храм (Детроит, Мичиген) се случило тројно убиство во август 1942 година

Во опседнатиот замок - храм (Детроит, Мичиген) се случило тројно убиство во август 1942 година

Опседната куќа Хули е објект во кој се случиле многубројни убиства во седумдесеттите кога ова место било преноќевалиште за случајни поминувачи.

Опседната куќа Хули е објект во кој се случиле многубројни убиства во седумтесеттите кога ова место било преноќувалиште за случајни поминувачи

За замокот Милан долго време се претпоставувало дека е место каде се практикувало вештерството. За главниот вештер, по кого овој замок го добил името, се верува дека е погребан токму под замокот.

За замокот Милан долго време се претпоставувало дека е место каде се практикувало вештерството. За главниот вештер, по кого овој замок го добил името, се верува дека е погребан токму под замокот.

Замокот на куклите (Филаделфија, Филаделфија) е напуштен објект во кој единствено може да се најдат кукли и метални пили, како и алат поставен на метални полици во неколку соби.

Замокот на куклите (Филаделфија, Филаделфија) е напуштен објект во кој единствено може да се најдат кукли и метални пили, како и алат поставен по метални полици во неколку соби

Замокот Бејли (Хартфорд, Конектикат) е опседната куќа од која е инспирирана добро позната телевизиска серија „Американска хорор приказна“.

Замокот Бејли (Хартфорд, Конектикат) е опседната куќа од која е инспирирана добро позната телевизиска серија "Американска хорор приказна"

Куќата Кливленд е дом на серискиот убиец Мајл Медисон во која ги мачел и убивал своите жртви.

Куќата Кливленд е дом на серискиот убиец Мајл Медисон во која ги мачел и убивал своите жртви

Ова е семејната куќа Оливер (Честер, Пенсилванија). Во 1898 година, целото семејство исчезнало, а мистеријата зад случајот не е никогаш откриена. Жителите од местото велат дека понекогаш можат да ги видат лицата на членовите од семејството на прозорците од куќата.

Ова е семејната куќа Оливер (Честер, Пенсилванија). Во 1898 година, целото семејство исчезнало, а мистеријата зад случајот не е никогаш откриена. Жителите од местото велат дека понекогаш можат да ги видат лицата на членовите од семејството на прозорците од куќата

Ова е домот Акрон, куќата на можеби најозлогласениот сериски убиец во Америка, Роберт Бардела (попознат како Касапот од Канзас Сити). Во затворската психијатриска установа, тој раскажувал за своето тешко детство во Охајо, посебно за неговото силување кога имал само 16 години. Поради тоа што му се случило, тој се преселил во Канзас Сити каде ги убивал сите кои биле вмешани во секс индустријата.

Ова е Акрон домот, куќата на можеби најозлогласениот сериски убиец во Америка, Роберт Бардела (попознат како Касапот од Канзас Сити). Во затворската психијатриска установа, тој раскажувал за своето тешко детсво во Охајо, посебно за неговото силување кога имал само 16 години. Поради тоа што му се случило, тој се преселил во Канзас Сити каде ги убивал сите кои биле вмешани во секс индустријата

Имотот Кејтер (Бафало, Њујорк) бил дом на локалниот шериф Доналд Кејтерс кој се самоубил. Куќата е запленета во 1968 година, но локалните жители велат дека редовно слушаат гласови кои доаѓаат од внатре.

Имотот Кејтер (Бафало, Њујорк) бил дом на локалниот шериф Доналд Кејтерс кој се самоубил. Куќата е запленета во 1968 година, но локалните жители велат дека редовно слушаат гласови кои доаѓаат од внатре.

Во оваа напуштена куќа во западниот дел на Кливленд, серискиот убиец Ентони Соувел ги криел телата на своите жртви. Куќата е сега во распаѓање, но локалните жители сè уште поминуваат од спротивната страна на улицата тврдејќи дека можат да слушнат гласови кои доаѓаат од внатре.

Во оваа напуштена куќа во западниот дел на Кливленд, серискиот убиец Ентони Соувел ги криел телта на своите жртви. Куќата е сега во распаѓање, но локалните жители се уште поминуваат од спротивната страна на улицата тврдејќи дека можат да слушнат гласови кои доаѓаат од внатре.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар