13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонците

13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонците

Јапонската култура до ден денес фасцинира со својата историја, архитектура, уметност и наследство. Нивната беспрекорна чистота на околината, манири, домашно воспитување, образование, етика, економија и екологија се неспоредливи и ја прават Јапонија една од најголемите светски сили. Затоа, може слободно да се каже дека секој може да научи нешто корисно од неа и да започне да го применува во своето секојдневие.

13 навики кои можеме да ги научиме од Јапонците

1. Јапонските деца заедно со наставниците секојдневно ги чистат своите училишта за да научат да ја почитуваат чистотата, но и работата.

2. Просечното доцнење на возовите во Јапонија е 7 секунди на годишно ниво. Времето се почитува.

3. Работниците кои водат сметка за хигиената во Јапонија се нарекуваат „инженери на здравјето“ и се многу добро платени.

4. Јапонија практично нема природни ресурси, секоја година ја погодуваат околу 100-тина земјотреси, но и покрај тоа, таа е втора светска економска сила.

5. Биле потребни само 10 години за Хирошима целосно да се обнови после атомската бомба. Навременото и целосното завршување на обврските е многу важно во Јапонија.

6. Во Јапонија мобилните телефони не се користат во градскиот превоз, рестораните и јавните места затоа што тоа ги вознемирува другите луѓе.

7. Децата од прво до шесто одделение учат етика за односот кон другите луѓе.

8. Иако Јапонците спаѓаат меѓу најбогатите луѓе во светот, тие скоро никогаш немаат куќни помошници или дадилки. Родителите секогаш сами се грижат за децата.

9. Децата во помалите одделенија немаат оценки. Целта на образованието е пред сѐ градење здрава личност.

10. Во рестораните ќе забележите луѓе кои јадат точно онолку колку што им е потребно. Храната никогаш не се фрла.

11. Секој што има куче мора да носи вреќички и да чисти по своето милениче. Чистотата е дел од јапонската етика.

12. После оброкот, децата на училиште секогаш ги мијат забите.

13. Децата во училиштата имаат пауза од половина час, иако можат да го завршат оброкот за многу пократко време. Но, Јапонците сметаат дека е важно да се јаде во мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар