13 историски мистерии кои конечно се решени

13 историски мистерии кои конечно се решени

Долгата историја ни оставила неколку мистерии кои научниците не можат да ги решат. Но, благодарение на напредокот на технологијата, најдено е објаснување за барем дел од нив. Погледнете ги овие древни тајни кои конечно ни се откриени.

1. Исчезнатата Наска цивилизација

(1)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Луѓето Наска станале познати поради огромните цртежи во пустината Наска во Перу. Постојат теории дека овие цртежи се можеби и дело на вонземјани, сè додека научниците не открија дека луѓето Наска ги користеле за комуницирање со боговите. Тие имале ритуали во кои се движеле по линиите на цртежите. Исчезнувањето на нивната цивилизација исто така беше мистерија, но денес е докажано дека причината за ова било суша.

2. Подземната тајна на Велигденските Острови

Тор Хејердал е човекот кој ја открил тајната на овој остров и на неговите камени идоли. Тој бил првиот кој организирал експедиција за истражување на островот. Исто така, тој бил првиот кој започнал ископувања на островот и открил дека главите Моаи всушност имаат и тела. Некои од нив се дури и 6 метри високи. Но откритието што е најзначајно е тоа дека статутите навистина е возможно да се направат со алатките кои биле достапни во тоа време.

3. Гробницата на китови во Чиле

(3)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Сред пустината Атакама во Чиле била пронајдена огромна гробница на китови. На научниците не им беше јасно што би можело да предизвика такво масовно самоубиство на китовите. Но, беше откриено дека пронајдените коски датирале од два разни временски периоди, од кои првиот бил пред 20.000 години. Причината за смртта било цутењето отровни алги.

4. Мистериозни белешки во „Одисеја“

(4)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Во една копија од Хомеровата „Одисеја“ има чудни рачно напишани белешки на непознат јазик. Даниел Метили и Џулија Ачета откриле дека белешките се всушност вид скратено пишување измислено од Жан Кулон де Тевенот. Напредната технологија и целосниот пристап до делото го овозможиле ова откритие. Белешките се превод од Грчки на Француски.

5. Црната дупка во Флорида

(5)13-istoriski-misterii-koi-konechno-se-resheni-kafepauza.mk

Археолозите знаат за дупката во реката Аукила во Флорида веќе со години. Бидејќи е премногу темна, никој не се осудувал да нурне во неа, сè додека Џеси Халиган, универзитетски професор, не се одлучила да ја истражи. Нејзиниот проект завршил со многу неочекувани резултати – тие пронашле коски од мастодонт на кои имало остатоци од човечки алатки. Истражувањето покажало дека луѓето можеби биле населени на Флорида многу порано отколку што се мислело, односно пред околу 14.500 години.

6. Првиот компјутер на Грците

Механизмот Антикитера се смета за првиот компјутер во светот. Тој бил пронајден на потонат брод од 80-50 година пред нашата ера. Дрвената кутија на механизмот изгнила, а металните делови кородирале. Дури неодамна научниците ја открија неговата намена – направа за навигација. Навистина е неверојатно што во тоа време постоела толку софистицирана машина. Друг ваков механизам бил направен цел милениум подоцна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар