13 древни изуми кои научниците сè уште не можат да ги објаснат

Колку подолго научниците го истражуваат древното наследство, толку повеќе прашања се поставуваат. Изгледа дека древниот свет бил многу поразличен од нашите замисли. Овие 13 предмети од далечното минато докажуваат дека нашите предци поседувале знаење и вештини кои се многу понапредни отколку што сме мислеле.

1. Колумбискиот златен авион, меѓу 4-ти и 7-ми век

Овој златен авион спаѓа во артефактите Кимбаја. Научниците веруваат дека овие предмети не се ништо повеќе од приказ на птици и инсекти. Сепак, постојат луѓе кои тврдат дека овие фигури претставуваат древни летечки машини. Направени се големи реплики на овие предмети и се покажало дека можат да летаат.

2. Римски додекаедар, меѓу 2-ри и 3-ти век

(2)13-drevni-izumi-koi-nauchnicite-se-ushte-ne-mozhat-da-gi-objasnat-kafepauza.mk

Пронајдени се стотици вакви предмети низ целиот свет – во Италија, Велика Британија, Франција, Германија, Унгарија, па дури и во Виетнам. Се претпоставува дека оваа направа се користела како свеќник, коцка, спојувач на водни цевки, па дури и направа за претскажување на иднината.

3. Леќите Нимруд, меѓу 759 и 710 година п.н.е.

(3)13-drevni-izumi-koi-nauchnicite-se-ushte-ne-mozhat-da-gi-objasnat-kafepauza.mk

Оваа оптичка леќа е направена од кристален камен и била откриена во асириската палата на Нимруд, денешен Ирак, во 1850 година. Леќите зголемуваат 3 пати. Некои научници веруваат дека биле дел од телескоп, а други сметаат дека биле само украс.

4. Багдадска батерија, околу 2500 година п.н.е.

(4)13-drevni-izumi-koi-nauchnicite-se-ushte-ne-mozhat-da-gi-objasnat-kafepauza.mk

Батериите се направени од сад од теракота во кој има бакарен цилиндер со една железна прачка. Репликите на овие садови наполнети со електролити создавале полнеж од околу 2 волти. Можеби на древните Вавилонци им бил познат методот на галванизација и го користеле овој изум за позлатување. Сепак, скептиците тврдат дека целта на овие садови била за чување свитоци.

5. Фетскиот диск

(5)13-drevni-izumi-koi-nauchnicite-se-ushte-ne-mozhat-da-gi-objasnat-kafepauza.mk

Овој диск бил откриен во Минојската палата на Фест на островот Крит, во 1908 година. Потеклото на дискот и значењето на знаците сè уште се непознати. Дискот е направен од глина која ја нема никаде на Крит, а нема никакво знаење според кое би биле преведени знаците.

6. Изградбата на пирамидите во Египет, 2667 година п.н.е.

(6)13-drevni-izumi-koi-nauchnicite-se-ushte-ne-mozhat-da-gi-objasnat-kafepauza.mk

Научниците сè уште не можат да се согласат за тоа која техника била користена за пирамидите. Постојат неколку хипотези. Една од нив е дека камењата не биле сечени, туку биле правени од бетон на самото место. Сепак, ова не ги објаснува огромните камења од природен гранит кои тежат над 10 тони.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар