12-те најважни јазични фрази кои ви се потребни при престој во странска земја

Иако можеби не сте полиглот, важно е да знаете барем по неколку збора на јазикот кој се зборува на местото каде што одите. Па затоа пред да тргнете, потрудете се да ги научите овие важни фрази за да се снаоѓате полесно.

0-12-te-najvazhni-frazi-koi-vi-se-potrebni-pri-prestoj-vo-stranska-zemja-kafepauza.mk

1. Здраво! Добар ден.

Овие зборови ќе ги слушате насекаде. Од хотели до келнери, продавачи и сите останати луѓе околу вас. Затоа е добро да знаете како се кажуваат на неколку јазици:

Англиски: Hello! Good day.

Француски: Bonjour! Bonne journée!

Шпански: Hola! Buenos días!

Италијански: Ciao! Buon giorno!

2. Јас не зборувам *внесете го јазикот на местото*. Дали зборувате англиски?

Mали се шансите да го познавате јазикот на земјата која ја посетувате. Затоа оваа фраза ќе ви биде навистина потребна.

Англиски: I don’t speak… Do you speak English?

Француски: Je ne parle pas français… Vous parlez anglais?

Шпански: Yo no hablo español… Usted habla Inglés?

Италијански: Io non parlo italiano… Lei parla inglese?

3. Благодарам и те молам

Секако дека додека престојувате во странска земја треба да бидете љубезни. Затоа е многу важно да знаете како да кажете „благодарам“ и „те молам“. Тие особено ќе ви се најдат кога сте збунети или не можете да се снајдете. Локалните мештани сигурно ќе ја забележат вашата љубезност.

Англиски: Please, thank you

Француски: Merci beaucoup, s’il vous plaît

Шпански: Gracias, por favor

Италијански: Grazie, per favore

4. Помош!

Кога истражувате ново место, добро е да знаете како да побарате помош и да го препознаете зборот кога ќе го слушнете.

Англиски: Help!

Француски: Aidez-moi

Шпански: Ayuda!

Италијански: Auito!

5. Извинете ме!

При патување, честопати се случува да заглавите во тесни места – во воз, авион и во сите останати јавни превозни средства или во преполни продавници. На многу јазици, љубезното „извинете ме“ може многу да ви помогне при навигација, за поздрав или за да се извините некому. Ако одите накај Германија, или во земја во која се говори германски, тогаш пробајте да кажете Еntschuldigen Sie mich.

Англиски: Excuse me!

Француски: Excusez-moi!

Шпански: Discúlpeme!

Италијански: Mi scusa!

6. Каде е *вметнете го она што го барате*

Можеби нема да разберете што ќе ви одговорат, но ако изгледате доволно збунето, тогаш луѓето ќе се обидат што е можно подобро да ви објаснат преку мимики и гестови, а веројатно и ќе ви покажуваат со рацете.

Англиски: Where is…

Француски: Оù est…

Шпански: Dónde esta…

Италијански: Dov’e…

7. Каде е тоалетот?

Оваа фраза можеби и ќе ви биде најкорисна од сите на листава. Сигурно не сакате да се изгубите во кујната или магацинот од ресторанот. Затоа е најдобро да прашате на што е можно пољубезен начин.

Англиски: Where is the bathroom?

Француски: Où est le toilette?

Шпански: Dónde esta el inodoro?

Италијански: Dov’e il bagno?

8. Каде има банкомат?

Знаеме дека мислите дека е непотребно, но ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да прашате каде е „машината што дава пари“. На македонски звучи смешно, а замислете да бидете изгубен турист во некое мало гратче. Освен ако имате доволно пари во готовина со вас, оваа фраза ќе ви биде навистина потребна.

Англиски: Where is the ATM?

Француски: Où est l’ATM?

Шпански: Dónde es la ATM?

Италијански: Dov’e il bancomat?

9. Ми треба…

Кога сте сами на непознато место каде што се зборува јазик кој вие не го зборувате, тогаш се јавува голема потреба од оваа фраза. Најпрво потребно ви е сместување, храна и сл. Во голем број случаи, сигурно сте заборавиле нешто важно, па затоа е добро да ги знаете овие зборови.

Англиски: I need…

Француски: J’ai besoin…

Шпански: Necesito…

Италијански: Ho bisogno di…

10. Сметка ќе ве молам!

Во некои земји, се смета за некултурно ако келнерот ви донесе сметка без да му побарате. Затоа е важно да знаете како да ја побарате. На руски тоа би изгледало вака: Счет, пожалуйста!

Англиски: Check, please!

Француски: Il compte S’il vous plaît!

Шпански: La cuenta, por favor!

Италијански: Il conto, per favore!

11. На здравје!

Уште една убава фраза која треба да ја знаете е наздравувањето на јазикот од земјата која ја посетувате. Кај скандинавските земји кажете: Skål!

Англиски: Cheers!

Француски: Santé!

Шпански: Salud!

Италијански: Saluti!

12. Алергичен/а сум на…

Ако имате опасна или непријатна алергија, многу е важно да знаете тоа да им го кажете на луѓето околу вас. Уште попотребно во случај да сакате да избегнете некое јадење.

Англиски: I am allergic to…

Француски: Je suis allergique aux…

Шпански: Soy alérgicо a

Италијански: Sono allergico a…

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Симона Reply

    Пред се би сакала да упатам огромно извинување до авторот на оваа статија ако премногу си дозволувам,но сепак од своја страна имам да упатам една критика.Не сакам да навлегувам во детали дали горепотпишаната авторка има познавање од италијански јазик воопшто или пак била само лошо советувана,но јас како студентка на катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот Факултет Блаже Конески во Скопје во врска со грешки кои неможев да не ги видам бидејки се очигледни и фатални.Најпрвин фатално е тоа што е извршен буквален превод на одредени фрази.Например во поглед на наздравувањето(последната ставка).Ние македонците па и италијанците го користиме во иста смисла глаголот наздравува(на италијански тоа би било:Faccio brindisi a…..),исто така се вели ho bisogno di+именка која може да биде изведена или не нужно изведена од глагол или придавка,и кај што пишува точката каде што пишува во случај на незнаење на официјалниот говорен јазик на земјата која ја посетуваме се фразата треба да изгледа вака:Io non parlo italiano…Lui parla izglede ili Lei parla izglede?..Јас ќе ја искористам приликата да се извинам ако премногу си дозволив но сепак моја задача беше да Ве упатам и да ги заштитам Вашите интереси.Срдечен поздрав

    • Кафе пауза Reply

      Симона, благодариме за забелешките. По укажувањето се консултиравме со професор по италијански и соодветно интервениравме во текстот.

Остави коментар