12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателки

Дојде петок. Целиот викенд е пред вас. Вие уште рано од сабајле сте почнале да ја планирате заедно оваа вечер, зборувајќи што ќе носите, каде ќе одите и колку многу ќе пиете. Планот е подготвен, а сега преостанува само уште да завршите со дневните обврски, да се избањате и да се соберете кај една од вас за да почнете со подготвувањето…

12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателки

1. Планирање на предиграта

Магично и прекрасно време поминато со анксиозни прашања како „Дали мислиш дека Марко ќе дојде?“ и разговори за видовите алкохол кои би ги пиеле вечерва. Вие дури и си поставувате граници иако знаете дека подоцна нема да ги почитувате.

2. Предигра исполнета со ентузијазам

Ова е можеби најклучниот чекор за целата вечер. Вие веќе сте ја пробале целата облека во вашите шкафови, сте размениле неколку модни комбинации и сега сте подготвени за одличен помин. Ова е моментот кога пуштате музика додека се шминкате и СЕ ВОЗБУДУВАТЕ И ТАНЦУВАТЕ И ЕДВАЈ ЧЕКАТЕ ДА ЈА ИМАТЕ НАЈДОБРАТА ВЕЧЕР ВО ВАШИОТ ЖИВОТ!

3. Фотографирани докази

Вечерта само што почнала и вие изгледате прекрасно! Но, да бидеме искрени, тоа нема долго да трае. Па, токму затоа правите колку е можно повеќе фотографии и ги објавувате на сите социјални мрежи.

4. Танцувачки будалштини

Секоја група има една пријателка која едноставно не може да престане да танцува. Кога во неа ќе влезе малку „течна храброст“, таа почнува да танцува и не престанува додека не се врати дома. Не е важно дали сте во бар или во вашата дневна соба, оваа личност танцува како Шакира!

5. „Те сакааам мнооогу!“

Во овој момент, пијалаците изобилуваат со чувства на љубов. Вие почнувате да делите комплименти на сите страни и одеднаш имате потреба да ја искажете вашата љубов кон вашите најдобри пријателки. Вие им велите дека ги сакате многу и дека тие ќе ви бидат вашите деверици. Понекогаш дури и почнувате да плачете.

6. Досието на бившите

Во овој момент алкохолот е во полн замав и токму тогаш настанува разговорот за бившите каде што вие ги исфрлате сите оние нешта кои ви тежат на душата.

7. Внатрешни шеги

Дојдовме до делот кога се враќате во минатото и се чувствувате малку носталгично. Секоја шега која некогаш сте ја направиле си го наоѓа својот пат до овој разговор, дури и ако нема смисла.

8. Премногу матни фотографии

Вашиот вид е веќе нарушен, па токму затоа ви е намалена координацијата очи – раце. Во овој момент секогаш може да се слушне како некој вели, „Во ред сум! Не сум пијана! Ајде да ја направиме фотографијата!“ И убедени сте дека изгледате добро, но реалноста е дека сте изгледале подобро. Многу подобро.

9. Шотови за најдобрите пријателки

Вие решивте да престанете да пиете, но токму тогаш некоја од вас предложува уште една рунда шотови. И наздравувате, повторно. За вас, гласно за да слушнат сите. Вие можеби сте неподносливи за оние околу вас, но не се грижите. Вие сте заедно и тоа е тоа што е важно!

10. „Го правам ова за твое добро!“

Добрата пријателка секогаш ќе ви каже дека не треба да му пратите порака на тој идиот. Но, најдобрата пријателка ќе ви го земе мобилниот телефон и нема да ви го даде сè додека не се отрезните, без разлика на тоа колку многу ја молите и преколнувате.

11. Пополноќна вечера

Храна. Оваа вечер толку многу ве истрошила што мора да најдете колку што е можно помрсна храна со цел да си ја вратите енергијата. Уште подобро ако келнерот или доставувачот е сладок. Тоа би било совршено, нели?

12. Пристигнувањето дома

Некаде во текот на вечерта сте одлучиле сите да преспиете кај една од вас и сте пристигнале во нејзиниот дом неколку секунди пред да се онесвестите. Вие се погрижувате секоја од вас да испие доволно вода и потоа се местите на каучот пред телевизорот и пуштате неколку епизоди од ТВ серијата „Пријатели“. Убедени дека до изгрејсонце ќе гледате, вие заспивате една покрај друга…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар