12 работи во вашиот дом што ве прават несреќни

Домот е место каде што треба да се чувствувате удобно и пријатно. Покрај тоа, треба да настојувате вашиот простор да биде уреден онака како што сметате дека е најдобро за вас и вашето семејство. Но, дали знаевте дека постојат некои работи што можат да ве прават несреќни, а притоа можеби и не забележувате? Погледнете ја оваа листа од 12 предмети кои повеќето ги имаат во својот дом, но тие не носат ништо позитивно со себе.

1. Премногу детски цртежи

Не дека не ви се допаѓаат и не ја цените работата на вашите деца, но сепак, просторот на фрижидерот и ѕидовите е ограничен. Подобро е да ги соберете сите цртежи на едно место и да ги направите во вид колекција која ќе ја разгледувате вие и вашето дете во слободното време.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

2. Бонбони од свадби и крштевки

Секако дека нема ништо лошо во нив, но доколку тие ја пренатрупуваат вашата фиока, тогаш потребно е да ги отстраните.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

3. Книги што сте ги прочитале, но не ви се допаѓаат

Не мора да ги фрлите, но слободно можете да ги подарите некому или пак да ги однесете во локалната библиотека.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

4. Премногу производи за убавина

Доколку имате премногу кармини и шминки и некои од нив се многу стари, одвојте време за да го проверите нивниот рок на истекување и оставете ги само оние производи што ги користите.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

5. Сѐ што е скршено

Како на пример некој постар накит што повеќе не е во употреба или чашата со скршена рачка која веќе не ја користите. Освен ако немате некој план за да ги поправите, тогаш одлучете се за нивно отстранување.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

6. Истрошени батерии

Одвојте малку време и тестирајте ги сите оние батерии кои се наоѓаат во вашата фиока. Доколку се истрошени и немаат можност за полнење, тогаш зошто да ги чувате?

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

7. Премногу декоративни работи

Сѐ додека немате намера да ги искористите за нешто друго (како на пример шарената хартија да ја искористите за виткање некој подарок со неа), чувањето премногу декоративни работи само ви зазема простор.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

8. Храна од шпајзот која никогаш нема да ја јадете

Иако мразите да фрлате храна, доколку во вашиот шпајз се наоѓаат работи што знаете дека нема да ги јадете, тогаш време е да се ослободите од нив, наместо да ги чувате на полиците.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

9. Купови документи и сметки

Сигурно не ви се потребни сите документи и сметки кои ги чувате во вашата фиока. За да си олесните себеси, можете истите да ги скенирате и да ги имате во дигитална верзија, при што и полесно ќе можете да ги најдете доколку имате потреба.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

10. Стари фотографии

Како на пример фотографии од венчавката на вашите родители и вашата баба кога била дете. Не дека треба да ги фрлите овие богати спомени, но само чувајте ги на некое место каде што не доаѓате често во контакт со нив. Исто така и нив можете да ги направите во дигитална верзија и да ги чувате во вашиот компјутер.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

11. Видео касети

Денес, со помош на Интернетот, многу е лесно да го симнете и да го гледате кој било филм што го посакувате, при што видео касетите повеќе не наоѓаат примена. Во ваков случај најдобро е нив да ги преснимите на ДВД.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

12. Промотивни материјали

Не ви се потребни уште чаши, пенкала, календари и други работи со логото на некоја компанија. Чувајте ги само оние што ги користите и ослободете се од останатите.

12 работи во вашата куќа кои ве прават несреќни

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар