12 приказни за необично силни и снаодливи луѓе

Животот ни е полн со непредвидливи ситуации кои ни ги тестираат способностите и храброста. Постојат некои луѓе кои имаат посебен дар за справување со вакви ситуации. Погледнете ги овие 12 неверојатни приказни за луѓе кои успешно ги надмудриле околностите и кои ќе ве инспирираат да верувате во себе.

(1)12-prikazni-za-neobichno-silni-i-snaodlivi-lugje-kafepauza.mk

„Работев како дизајнер и имав пари само за храна и кирија. Еден ден некој ми го украде паричникот. Почнав да плачам, и во тој момент здогледав нечиј паричник на земјата. Го отворив, а во него имаше многу пари. Прво помислив дека сум среќна, но тогаш сфатив дека и некој друг се наоѓа во истата ситуација како мене. Имаше бизнис картичка во паричникот, па се јавив на бројот кој беше на неа. Сопственикот на паричникот беше возач на еден богат човек. Ми се заблагодари и ми рече дека на неговиот шеф му е потребен дизајнер. На мојот прв работен ден бев платена однапред. Сумата беше 3 пати поголема од мојата претходна плата. Кој не би верувал во случајности после ова?“

„Мајка ми ми кажа една интересна приказна за тоа како положила устен испит. Таа ја земала картичката од професорот и сфатила дека го знае одговорот на само едно од двете прашања. Таа го прашала професорот дали може да почне со второто прашање. Професорот се изненадил, но ѝ дозволил. Кога била сред одговор на прашањето, влегол друг професор кој го заменил сегашниот, кој пак му кажал дека едното прашање го одговорила. Тогаш мајка ми уште еднаш го одговорила второто прашање, пред новиот професор и го положила испитот.“

„Не сакам луѓето да мислат дека сум здодевен, па секогаш барам начин да го зачинам мојот живот. Огромен ѕид за качување? Се разбира! Скокање со јаже? Нормално! Возење на луда железница? Ајде да одиме! Но, во реалноста јас сум навистина исплашен од овие адреналински авантури. Кога правам нешто такво, изгледа како да уживам, но во себе плачам и се молам да преживеам.“

(2)12-prikazni-za-neobichno-silni-i-snaodlivi-lugje-kafepauza.mk

„Јас и мојата сопруга сме вистински полиглоти. Јас знам 9 јазици, а таа 7. Посетуваме разни држави и со локалните жители разговараме на нивниот јазик. Многу од нив се задоволни од овој гест, а некои воопшто не препознаваат дека сме странци. Но најдоброто нешто од сето ова е што можам да разговарам со сопругата на јазик кој другите не го разбираат. Омилената комбинација ми е руски-јапонски-холандски.“

„Кога бев трето одделение, отидов на кино со моите пријатели. Пред филмот бевме на прошетка покрај реката. Носев многу убави чевли. Фрлавме мали камчиња во водата, но големите ни беа позабавни. Кога со ногата удрив еден камен, со него одлета и мојот чевел. Не можев да го дофатам и почнав да плачам. Тогаш помина еден човек кој забележа што се случи. Влезе во водата со неговите скапи панталони и го зема чевелот, а потоа и ми го облече. Се чувствував како Пепелашка.“

„Јас сум 30-годишна успешна жена. Одгледав син, работев како менаџер во голема компанија, патував… Но ја скршив ногата и времето ми застана. Не морав нигде да брзам. Почнав да читам книги, да гледам филмови и повремено да работам. Кога ми заврши боледувањето, сфатив дека не сакав да живеам како пред тоа. Дадов отказ од работното место и почнав да работам хонорарно. Сега имам време да одморам од секојдневната рутина, да станам посилна, да го гледам изгрејсонцето и навечер да јадам сладолед на плажата.“

(3)12-prikazni-za-neobichno-silni-i-snaodlivi-lugje-kafepauza.mk

„Постојано ме прашуваат зошто сум толку среќна и активна во последно време. Скокав со падобран, пробав параглајдерство, си направив тетоважа и ја потрошив мојата заштеда на патување во Индија. Сите ја сакаат „новата“ јас. Но, никој не знае дека пред еден месец го победив ракот. Денес најсреќна сум затоа што сум жива.“

„Запознав едно момче додека чекав ред да си го подигнам пасошот. Чекањето се одвиваше речиси 6 часа. Потоа со момчето отидовме на прошетка, го гледавме изгрејсонцето и разговараме цела вечер. Тој ми го побара бројот, но неговиот телефон беше празен, а јас немав пенкало. Тогаш тој разгледа наоколу, зема една гранка, мало парче јаглен и го запиша мојот број на гранката. Кога си отишол дома мајка му била изненадена од гранката, но неговиот одговор на сите прашања бил ‘Никој не смее да ја допре!’“

„Актерите обично не ги помнат дијалозите кои можат да ги прочитаат на сцената. Не се сеќавам за која претстава стануваше збор, но имаше сцена во која еден курир истрча на сцената и му даде писмо на кралот најавувајќи: ‘Ваше височество, писмо за вас!’ Кралот го отвори писмото, но тоа беше празно. Шега од неговите колеги. Но актерот не се откажа, му го даде писмото на курирот и му рече: ‘Прочитај ми го!’ Но, и курирот беше снаодлив, па му рече: ‘Јас не знам да читам, ваше височество.’“

(4)12-prikazni-za-neobichno-silni-i-snaodlivi-lugje-kafepauza.mk

„Јас сум келнерка и мислам дека имам видено речиси сè. Имам сретнато пијани и луди луѓе, луѓе кои не сакаат да плаќаат, но и луѓе кои плаќаат многу повеќе од потребното. Но, еднаш дојде едно момче кое порача кафе за него и жив стек за малото лавче кое го носеше со него. Е дури тогаш можев да кажам дека сум видела сè.“

„Мојот стан е на вториот кат, а мојот роденден е во лето. Еднаш додека спиев ме разбуди многу гласна врева. Ги отворив очите и видов како неколку цветови ѕиркаат пред мојот прозорец, а потоа некој тропна на вратата. Тогаш сфатив дека цветовите и тропањето се на сите мои прозорци. Моите пријатели, кои сакаат планинарење решиле да ми го честитаат роденденот на необичен начин. Ги отворив прозорците и моите пријатели влегоа низ нив. Никогаш нема да го заборавам тој момент.“

„Седев напред во автобусот и си одев накај дома. Заглавивме во сообраќаен метеж. Возачот забележа дека една од бравите на приколката на камионот до нас беше отворена. Отворената брава може да предизвика навистина опасна ситуација. Беше темно, а возачот на камионот не можеше да го забележи проблемот. Нашиот возач се приближи што е можно повеќе до бравата за да ја затвори. После неколку обиди тој успеа. Тогаш сфатив дека понекогаш не ни знаеме дека некој нè спасил од навистина опасна ситуација.“

Погледнете ги и овие портрети на најхрабрите жени кои се впишале во историјата.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар