12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

Постојат некои прашања што мислиме дека ги знаеме, бидејќи сме ги чуле илјадници пати, но сепак секогаш ги одговараме погрешно. Ако можете да одговорите точно на половина од овие прашања, може да се сметате за генијалци! Погледнете за кои научни прашања станува збор…

1. Што тежи повеќе, 1 фунта злато или 1 фунта пердуви?

12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

Сигурно мислите дека станува збор за трик прашање. Но, ако одговоривте дека тежат исто, грешите. Фунта пердуви тежат повеќе Зошто? Златото се мери во унци. Па, ако ги претворите обете во основни мерни единици, 1 фунта злато тежи околу 373,24 грама, а 1 фунта пердуви тежи околу 453,59 грама.

2. Кој планински врв се наоѓа најдалеку од центарот на Земјата?

12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

Многумина мислат дека одговорот на ова прашање е Монт Еверест. Меѓутоа, врвот Чимборазо во Еквадор се наоѓа најдалеку од центарот на Земјата. Зошто? Земјата обично се испупчува кај екваторот, бидејќи постојано се врти. Со оглед на тоа што Чимборазо е на врвот на екваторот, тој се наоѓа точно на овој издаток и така неговиот врв е најоддалечен од средиштето на Земјата. Монт Еверест е највисоката планина ако ја мерите од подножјето до врвот, но нејзиниот врв не се наоѓа најдалеку од центарот на Земјата.

3. Дали луѓето навистина верувале дека Земјата е рамна?

12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

Луѓето знаеле дека Земјата е тркалезна уште во времето на античка Грција. Многумина веруваат дека во раниот Среден век се појавиле неколку луѓе кои велеле дека Земјата е рамна.

4. Колку трае меморијата на златната рипка?

12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

Многу луѓе би кажале дека златната рипка има меморија која трае само 3 секунди, меѓутоа нејзините сеќавања траат неколку дена. Златните рипки учат со помош на класично условување, што значи дека кога ќе им се даде храна заедно со друг предмет, тие ги помнат и двете заедно и нивната меморија може да трае со денови.

5. Колку сетила имаат луѓето?

12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

Ние немаме само 5 сетила. Многу невролози препознаваат 9 или повеќе сетила. Точно е дека постојат основните 5: Допир, вкус, мирис, вид и слух, но има и други. На пример, допирот се состои од неколку „телесни“ сетила, како што се перцепцијата за топлина, болка и притисок. Постојат и органски сетила, односно осетот за нашата внатрешна состојба, како што се глад и жед.

6. Дали ајкулите можат да заболат од рак?

12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

Одговорот на ова прашање е да, ајкулите можат да заболат од рак. И не, не можат да излечат рак. За жал, многумина сѐ уште веруваат дека ’рскавицата на ајкулите може да излечи рак, што доведува до убивање голем број ајкули. Тоа не е вистина и научниците докажале дека постојат ајкули кои имаат тумори.

Продолжува на следната страница

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар