12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор - Part 2

12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор

5. Перу

12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор

Сместување: Од 5 евра па нагоре за хостел, од 11 евра па нагоре за хотел

Храна: Од 2 евра па нагоре

Транспорт: Од 0,4 евра па нагоре

Првото нешто што ќе ни падне на памет кога ќе помислиме на Перу е Мачу Пикчу. Овој град на Инките е извонреден и сигурно ќе се воодушевите од легендарните езера, водопади, дождовни шуми и оази. Не заборавајте да ја пробате традиционалната кујна! Во локалните кафулиња можете да пробате пилешко со зеленчук за 2 евра, ручеците чинат од 3 до 5 евра и шведска маса за 8 евра. Ако купите леб, пилешки гради, јајца, овошје и сирење во продавница, ќе потрошите околу 10 евра. Карта за меѓуградските автобуси чини од 1 до 3 евра, а можете и да викнете такси за 4 до 8 евра.

6. Полска

12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор

Сместување: Од 7 евра па нагоре за хостел, од 17 евра па нагоре за хотел

Храна: Од 4 евра па нагоре

Транспорт: Од 0,8 евра па нагоре

Полска ќе ви ја понуди шансата да го истражите елегантниот главен град, да го видите замокот Малборк и да уживате во прекрасните ски центри. Полска крие пријатни изненадувања за ниски цени. Просечна соба во хотел за двајца чини околу 21 евра во Краков. Капучино или чаша пиво чини околу 1,6 евра. Може да јадете во кафуле за 4 до 6 евра. Добро е да земете пропусница за патување што ќе ви важи 1-2 дена преку веб-сајтот SkyCash.

7. Унгарија

12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор

Сместување: Од 7 евра па нагоре за хостел, од 10 евра па нагоре за хотел

Храна: Од 2,5 евра па нагоре

Транспорт: Од 1,14 евра па нагоре

Унгарија може да се спореди со многу прекрасни европски земји, но има една предност: Ниски цени. Може да се сместите во хостел или хотел или да живеете со „кауч сурфер“ бесплатно. Ќе можете да посетите многу од музеите во Будимпешта бесплатно и да ги видите древните замоци во близина на Дунав. Во ресторан може да потрошите од 2,5 до 6 евра. Може да купите еднодневна карта за јавен превоз за 5,3 евра за еден човек или за 10,6 евра за група луѓе.

8. Јужна Африка

12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор

Сместување: Од 3 евра па нагоре во куќа, од 9 евра па нагоре во хостел, од 20 евра па нагоре во хотел

Храна: Од 3 евра па нагоре

Транспорт: Од 1 евро па нагоре

Не постои сомнеж дека има што да се види во Јужна Африка: Кејптаун во близина на ’ртот Добра Надеж, пустината Калахари, најголемата ботаничка градина во светот, националните парк со лавови, жирафи и други животни, националниот парк со делфини и китови и многу други работи. Вечера во ресторан ќе ве чини околу 6 до 7 евра, а брзата храна чини 3-4 евра. Можете да купите млеко, леб, ориз, јајца, сирење, пилешко, портокали и вино за 15 до 20 евра. Ако не сакате да користите јавен превоз, може да викнете такси за 2 евра.

Продолжете на последната страница за останатите неколку евтини земји…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар