12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете и без да ги споделите на социјалните мрежи

12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете и без да ги споделите на социјалните мрежи

Без сомнение социјалните мрежи успешно навлегоа длабоко во нашите животи и ова не е ништо ново. Сите сме ги читале монолозите за тоа дека луѓето треба да ги остават телефоните бидејќи тие го уништуваат нашиот социјален живот во реалноста.

12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете без да ги споделите на социјалните мрежи

Иако многумина скептици се во право, социјалните мрежи не се во целост лоши. На пример, социјалните мрежи ви нудат можност да се поврзете со целиот свет и вашите мисли одеднаш да ги споделите со милиони луѓе онлајн. Секако, ова повеќе важи за славните личности кои денес ги користат социјалните мрежи да споделат некаква порака, но кога се работи за обични луѓе, како нас, нашите споделувања ретко кога имаат големо значење. Имајќи го сè ова на ум, има многу нешта кои едноставно не мора да ги споделите на социјалните мрежи, бидејќи едноставно никого не го интересираат.

1. Секое ваше совршено селфи од некој настан, каде што единствен доказ за неговото постоење е само тоа што ќе го напишете во описот на фотографијата. Ако навистина сакате да споделите некакво искуство со вашите пријатели, тогаш споделете фотографија од настанот, а не од вашето лице.

2. Какви било линкови кои водат до лажни извори на информации и вести, заедно со вашите гневни коментари на темата. Проверете ги вашите извори и не избрзувајте со заклучоците.

3. Какво било омаловажување на личност која е пријател со другите луѓе од вашето опкружување или некако е поврзана со нив. Личноста која сте ја дискредитирале не заслужува да биде ставена на суд од тролови во виртуелниот свет.

4. Што било кое мислите дека на некој начин е оправдано да го споделите, а вклучува повеќе од еден хаштаг. Многу е веројатно дека тоа нема потреба да биде споделено.

5. Кој било од следниве статуси: „Кој е буден?“ „Не можам да се расонам“ „Филмот ‘Up’ е без врска“. Никому не му е грижа дали сѐ уште сте будни, дали сте толку очајно осамени што би се дружеле со секој кој ќе одговори на вашиот статус или дали сте поспани ова утро.

6. Фотографии од славни личности со цитати кои ги кажале други луѓе. Ако веќе сакате да споделите нечија мисла, погрижете се дека е од соодветната личност.

7. Фотографии од ручек во ресторан. Освен ако објаснувањето е граматички погрешно и полно со глупости, па така никој нема да гледа во фотографијата.

8. Какво било селфи со исплазен јазик. Ако на него нема доказ дека сте пиеле нешто невообичаено, тогаш нема ништо интересно што да се види на таква фотографија.

9. Какви било политички монолози. Без разлика на која страна од дебатата припаѓате.

10. Селфи заедно со долго објаснување во вид на параграф, неповрзано со самата фотографија. Особено оние дека сте ја нашле среќата во себе.

11. Каков било статус кој започнува со „Вообичаено не го правам ова, но…“ Ако вообичаено не го правите тоа, продолжете така, за доброто на сите.

12. Што било. Буквално што било. Можете да преживеете и без споделување на вашите животи на социјалните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар