12 нешта кои ќе ги разберат само оние кои обожаваат авантури, но мразат да патуваат

12 нешта кои ќе ги разберат само оние кои обожаваат авантури, но мразат да патуваат

Доколку сте едни од оние луѓе кои уживаат во авантури, далеку од нивниот град, но стравуваат од патувањето кое е потребно за да пристигнат на новата дестинација, тогаш без сомнение ќе се пронајдете во следниве 12 ситуации…

12 нешта кои ќе ги разберат само оние кои обожаваат авантури, но мразат да патуваат

1. Вие сакате да истражувате. Да откривате нови градови, култури и начини на живеење. Отсекогаш сте имале авантуристичко срце.

2. Но, пристигнувањето до тие места е најлошото нешто што може да ви се случи. Вие сте или клаустрофобични, или мразите летање, или едноставно не сакате аеродроми и железнички/автобуски станици. Токму затоа и секогаш сте заробени помеѓу идејата да бидете благодарни за фактот што можете да патувате и желбата да си предизвикате кома во наредните неколку часа додека пристигнете на вашата дестинација.

3. Најчесто одлучувате да ги прифатите и двете нешта. Вие го цените искуството низ кое поминувате, но сепак решавате да се смирите со пијалак или апче со цел да можете да го преспиете целиот пат.

4. Секогаш им се восхитувате на мажите и жените на аеродром кои патуваат за работа и делуваат како да немаат ниту една грижа на светот. Тие ги носат своите компактни куфери со торба за компјутер закачена на нив и брзо се движат околу бавните патници. Има нешто елегантно во смиреното пиење чаша вино додека го чекаат својот лет.

5. Во меѓувреме, вие едвај можете да поминете низ обезбедувањето без да изгубите сè што поседувате. Додека тие поминуваат без проблем, вие сте повлечени настрана затоа што детекторот за метал постојано ви ѕвонел. Во тој момент сè што можете да размислувате е дали сте го зеле вашиот лаптоп или не.

6. Секогаш кога ќе ви се приближува патување, вие поминувате недели, па можеби дури и месеци размислувајќи за него. Додека одите или се враќате од работа во најголемата гужва, вие мечтаете за сите оние кул нешта кои ќе можете да ги направите во вашата нова авантура…

7. Но, сепак чекате до последната минута за пакување. Се обидувате да тргнете на време, но секогаш заборавате нешто. И потоа ќе заглавите во сообраќај. Сепак некако успевате да стигнете пред тргнувањето, испотени и изнервирани, сосема спротивно од она што се случувало во вашите замисли во последниве неколку недели или месеци…

8. Постојано сте нервозни за време на летовите или возењето со какво било друго транспортно средство. Токму затоа и многу често ви се случува соседот до вашето седиште да ве праша дали ова ви е прво патување со авион или пак, дали се чувствувате добро.

9. Вие ќе им одговорите дека всушност патувате многу, засрамени и дека е сè во ред со вас. Тие ќе ви се насмеат, велејќи ви дека сè ќе биде во ред и нема да се обидат повторно да комуницираат со вас.

10. Вие велите дека сте експерти кога станува збор за справување со зашеметеноста од патувањето во различни временски зони. Но, реалноста е дека се справувате со неа така што станувате многу нервозни, имате криза и потоа земате нешто за смирување по барање на другите патници и спиете во наредните неколку часа.

11. Вие секогаш купувате разгледници со намера да ги испратите на вашите најблиски. Но, потоа заборавате да го направите тоа бидејќи сте презафатени со преживување во друг град. Токму затоа и имате неверојатно голема колекција разгледници кои само седат на вашата работна маса.

12. Бидејќи патувате често, вие би требало да имате развиено ефективна рутина откако ќе пристигнете дома со цел да се вратите во нормала. Но, наместо тоа седите на каучот, разговарате со пријателите или ги гледате фотографиите од вашето патување. Некои би ве нарекле мрзливи или неорганизирани, но тоа е сосема во ред, бидејќи делумно се согласувате. Во моментов вашата најголема желба е да ги впиете сите ваши авантури, бидејќи вашиот нераспакуван куфер нема никаде да оди без вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар