12 најубави љубовни приказни кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните

Иако љубовта од ТВ екраните можеби не е вистинска, сепак од неа можеме многу да научиме за љубовта и врските. И иако на прв поглед нивните врски ни изгледаат идилични и нереални, факт е дека тие многу наликуваат на денешните врски. Романтични предлози за брак кои до ден-денес посакуваме да ни се остварат, интересни ситуации кои можат да се случат само на филм и разни љубовни сплетки… Од најромантичните парови до најнеобичните, направивме листа од 12 ТВ парови кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните.

0-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mk

1. Кери и Фацата од „Сексот и градот“

Кери и Фацата се можеби најдобриот пар на сите времиња. Од караници до раскинувања, големи проблеми и животни предизвици со кои овие два ликови се соочуваат, сепак нема нешто што може да ги победи. Тие се доказ дека вистинската љубов постои и покрај сѐ. А после 10 години проблеми, предизвици, бројни раскинувања и емоционални моменти, Кери и Фацата конечно го добиваат нивниот среќен крај.

2. Моника и Чендлер од „Пријатели“

Можеби најнеочекуваниот пар во серијата, Моника и Чендлер од најдобри пријатели преминуваат во момче и девојка полека разгорувајќи го малото љубовно пламенче кое е секогаш присутно меѓу нив. Иако Рос и Рејчел се главниот пар, сепак овие двајца имаат поромантична и понеобична љубов која на крај ќе заврши со брак.

3. Лили и Маршал од „Како ја запознав мајка ви“

Нема ликови од ниедна ТВ серија кои повеќе си одговараат од овие двајца. Луди и романтични, со убава историја преплетена со вредни моменти, Лили и Маршал успеваат да пребродат сѐ што животот може да приреди. Тие се совршена слика за тоа како еден брак треба да изгледа, но иако не е сѐ розово, вистинската љубов успева да се одржи на површината потиснувајќи ги проблемите.

1-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mk

4. Рејчел и Рос од „Пријатели“

Самата приказна дека Рос е веќе 10 години заљубен во Рејчел без да признае толку долго време нѐ тера да извикаме „ооо“ со слатко гласче. Нивната љубовна приказна, исполнета со тврдоглавоста на Рос и горделивоста на Рејчел на моменти нѐ предизвикува да влеземе во ТВ екраните, да ги удриме нивните глави една со друга и да ги натераме да се бакнат.

5. Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“

Иако на почетокот тие го загрозуваат нивниот однос стажант-ментор, тоа прераснува во една прекрасна љубовна приказна исполнета со секојдневните доживувања и проблеми на докторите. А вистинската љубов не може ни смртта да ја раздели.

ELLEN POMPEO, PATRICK DEMPSEY, CHYLER LEIGH

6. Блер и Чак од „Озборувачка“

Најконтроверзни, а сепак најзаљубени, Чак и Блер имаат невообичаена врска. Нивната романтичност и лицемерие, карактеристично за богатата класа е токму она што силно нѐ прикова за ТВ екраните додека траеше оваа популарна серија. Од согласност за секс за една ноќ со неговата девојка за да го добие назад својот хотел до екстравагантни понуди кои ниедна жена не може да ги одбие, Чак и Блер имаат искусено сѐ. Но, најважно е што сето она што им се случува тие успеваат да го пребродат заедно. А нема ништо помоќно од тоа.

7. Робин и Барни од „Како ја запознав мајка ви“

Повеќе како пријатели отколку како момче и девојка, Барни и Робин започнуваат со платонски односи, но еден импулсивен секс и работите во главата на најголемиот женкар се менуваат. Неговата слатка, детска и невина љубов која ја чувствува кон Робин е токму главната карактеристика на овој прекрасен пар.

7-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mk

8. Хана и Кејлеб од „Слатки мали лажливки“

Вистински показател дека врските на далечина можат да опстанат се Хана и Кејлеб од „Слатки мали лажливки“. Она што е навистина интересно, па и клише за овој пар, е тоа што иако припаѓаат на целосно различни светови, тие сепак успеваат да ја одржат нивната љубов.

9. Џеки и Хајд од „Луди 70-ти“

Без разлика колку се мразеа, тие двојно повеќе се сакаа. Иако таа беше размазената богаташка и сѐ она што тој го мрази кај една девојка, љубовта која Хајд ја чувствуваше кон Џеки не може да се спореди со ниедна друга. Младоста и предизвиците кои таа ги носи никогаш не ги спречи овие два ликови да бидат заедно.

10. Пени и Ленард од „Теоријата за Биг Бенг“

Крајно романтични, лигави и уникатни се дефинитивно епитетите кои ги заслужуваат овие два ликови. Колку и необично да изгледа, некогаш доброто момче ја добива убавата девојка. Нивната хемија полека растеше од првиот состанок кога Пени се досели во нивната зграда за потоа да настане реална и неотповиклива љубов.

6-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mk

11. Снежана и Принцот од „Си биле еднаш“

Освен што е фантазија во прашање и една од најомилените двојки на сите времиња, оваа љубовна приказна има да понуди многу повеќе од тоа. Од справувањето со ќерката која е на иста возраст со нив, до амнезијата и битката против злото, Снежана и Принцот успеваат да пребродат сѐ. А доброто секогаш победува над злото.

12. Џес и Ник од „Новата девојка“

Живеењето во стан со три момчиња е навистина голем предизвик. И плус, голем ризик е вљубувањето баш во оној кој нема постојана работа, не знае да искажува емоции и едноставно има несреден живот. Но, баш таа љубов е најубава. Љубов во која викањето на сред караница завршува со бакнеж.

5-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар