12 морничави игри кои можете да ги играте за Ноќта на вештерките

Според фолклорот, Ноќта на вештерките е вечер во која сите духови и чудовишта шетаат на Земјата. А има ли подобар начин да ја прославите одошто со играње неколку морничави игри? Можеби веќе сте ја повикувале крвавата Мери, но дали сте пробале да повикате ваш демон? Се разбира, сите овие игри потекнале од некои урбани легенди и митови, но колку и да не верувате, речиси сигурно ќе ве полазат морници. Уживајте!

1. Повикајте ја крвавата Мери

(1)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Оваа игра ја знае речиси секој, а најдобро ќе биде ако ја играте навечер. Затворете се во мала просторија и застанете пред огледало. Светлата треба да бидат изгаснати и да запалите една свеќа. Гледајте во огледалото и три пати повторете: „Крвава Мери“. Повторувајте го ова сè додека во огледалото не се појави измачената и крвава Мери. Бидете предупредени, се верува дека луѓето кои ја играле оваа игра полудувале од страв.

2. Повикајте го Полноќниот човек

(2)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Целта на оваа игра е да го поканите Полноќниот човек во вашиот дом, но без да му дозволите да ве фати. За почеток, запишете ги вашето име и презиме на лист. Боцнете го прстот и капнете една капка крв на листот. На полноќ запалете свеќа, ставете ја хартијата пред врата и затропајте на вратата 22 пати. Потоа, отворете ја вратата и дувнете ја свеќата. Сега штом го повикавте Полноќниот човек, треба да го избегнувате по секоја цена. Повторно запалете ја свеќата. Ако се изгасне, тоа е знак дека тој е во близина. Ако ве фати, ќе ве мачи до 3:33 часот наутро.

3. Табла за комуницирање со духови

(3)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Овие табли се позната играчка, но за нејзиното правилно користење потребно е да бидете во затемнета соба осветлена само од бели свеќи. Еден од вашето друштво нека ги поставува прашањата, а останатите треба да го забележат одговорот. Ако ја користите оваа табла подгответе се да се соочите со зли духови. Сепак, Ноќта на вештерките е ден кога треба да пробате колку морничавост можете да поднесете.

4. Трансформирајте играчка во жива кукла

(4)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

За оваа игра потребна ви е кукла која личи на човек, две огледала свртени едно кон друго и свеќа. На полноќ, изгаснете ги светлата, запалете ги свеќите и кажете: „Оставам ново тело за тебе. Те молам земи го.“ Откако ќе го направите ова, замолете ја куклата да си игра со вас. Ако забележите нешто чудно, вашата „магија“ успеала и сега имате лош дух во куклата. Се разбира, кога ќе завршите со играта ослободете се од куклата бидејќи сигурно не сакате да ве прогонува.

5. Помогнете му на пријател да лета

(5)12-mornichavi-igri-koi-mozhete-da-gi-igrate-za-nokjta-na-veshterkite-kafepauza.mk

Оваа игра најдобро се игра со повеќе луѓе – групната енергија ја храни играта. Еден волонтер треба да седи на столче, или пак да лежи на подот на грб. Другите од групата ставаат по 2 прста под волонтерот и 20 пати кажуваат: „Лесен како пердув, вкочанет како штица.“ Потоа целата група брои до 3, после што треба без проблем да можете да го подигнете волонтерот само со двата прста.

6. Користете кутија за чевли за да разговарате со некој мртов

a young woman talking to herself on the tin can phone

Пред да си легнете, напишете писмо до некоја почината личност. Потоа, помеѓу 2 пластични чаши ставете жица (како телефон). Едната чаша ставете ја во кутија за чевли и во некој гардеробер. Искористете ја другата „слушалка“ за да го прочитате писмото кое сте го напишале. Кога ќе завршите, ставете го писмото во кутијата за чевли, а вашата слушалка ставете ја врз неа. Повикот ќе го добиете во вид на сон. Кога ќе се случи тоа, одете до гардероберот (немојте да ги палите светлата) и земете ја слушалката која стои врз кутијата. Внимателно слушајте што ви кажува повиканиот дух. Ако кутијата е отворена, или пак нешто ѝ се случило на слушалката, тоа е знак дека сте го пуштиле духот во човечкиот свет.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар