12 луѓе откриваат во кој момент го смениле мислењето за имање деца

12 луѓе откриваат во кој момент го смениле мислењето за имање деца

Некои луѓе не сакат да имаат деца, а други пак, цел живот чекаат да имаат деца. Некои луѓе имаат деца без навистина да планираат за тоа, а некои ги немаат иако ги посакуваат. Постојат многу разни фактори кои влијаат на одлуката да се стане родител. Погледнете што ги натерало некои од нив да го сменат мислењето во врска со имањето деца.

12-lugje-otkrivaat-vo-koj-moment-go-smenile-mislenjeto-za-imanje-deca-kafepauza.mk

1. Внатрешна огнена потреба

„Знаев дека сакам деца во моментот кога покрај мене помина среќна двојка со нивното детенце. Погледнав кон мојата сопруга и таа имаше тажен поглед, но не рече ништо. Би одел низ оган за да го искусам она што го видов.“

2. Не цените нешто додека не го изгубите

„Отсекогаш сум сакал деца, но никогаш не сум размислувал сериозно за таа тема. Тогаш, дознавме дека жена ми е бремена. За една недела таа имаше спонтан абортус. Бевме навистина тажни и тогаш сфативме дека сакаме дете.“

3. Понекогаш не знаете сè додека не се случи

„Сфатив дека сакам деца кога мојата ќерка прв пат ме препозна и се израдува. Таа имаше околу 3 месеци.“

4. Понекогаш, сè што е потребно е вашиот најдобар пријател

„Знаев дека сакам дете од моментот кога ја држев ќерката на мојата најдобра пријателка. Желбата беше потврдена кога за прв пат го држев и мојот внук.“

5. Некои луѓе отсекогаш знаеле

„Знаев дека сакам деца уште кога бев дете. Навистина не паметам дека некогаш не сум сакала деца.“

6. Не морате да родите за да бидете мајка

„Отсекогаш сакав деца, но никогаш не бев 100% сигурна сè додека не почнав да созревам. Сега имам 25 години и сакам да посвојам деца што се роднини за да можам да им помогнам во животот.“

7. Понекогаш зависи и од партнерот

„Никогаш не размислував многу за тоа. Но тогаш го запознав момчето кое знаев дека е вистинскиот и тој ја направи разликата. Знаев дека ќе биде одличен татко и дека сакам семејство со него.“

8. Родителството е авантура

„Мислам дека не сакав деца кога бев тинејџер и млад. Но, можеби поради целата забава која ја имав во текот на животот, честите патувања и истражувања, сфатив дека и родителството е еден вид авантура.“

9. Понекогаш едноставно ве „удира“

„Го поминав животот не сакајќи сопруг или деца. Кога имав 23 години, имав момче и работите стануваа сериозни. Сепак, и двајцата бевме на факултет и не бевме подготвени за семејство. Еднаш додека поминував низ делот за бебиња во супермаркетот, ‘ме удри’. Сакав деца.“

10. Некогаш ви треба друга личност

„Мојата сопруга не сакаше да спортува со мене или да ми помага во гаражата. Сега имам две момчиња. Ура!“

11. Не можете да знаете додека не се случи

„Не знаев дали сакам деца. Но, откако непланирано останав бремена, сега имам син на 10-месечна возраст и секој ден се радувам што го имам.“

12. Ќе направите сè за љубов

„Мојот сопруг сакаше, а јас сакав тој да биде среќен. Никогаш не бев против имањето деца, но секогаш мислев дека ќе посвојам. Но откако го родив првото, навистина се вљубив.“

Погледнете ги и овие правила за среќно семејство


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар