12 луди идеи кои заработиле милиони

12 луди идеи кои заработиле милиони

Благодарение на Интернетот, многу луѓе лесно ги промовираат своите необични идеи. Постојат дури и веб-сајтови на кои тие собираат пари со цел да го финансираат нивниот проект. На оваа листа ќе најдете некои од најневеројатните примери за некои од овие идеи и производи.

1. Тоалетна школка што свети

(1)12-ludi-idei-koi-zarabotile-milioni-kafepauza.mk

Со IllumiBowl 2.0 никогаш нема да ја утнете тоалетната школка, дури и во темница. Светилката која може да се инсталира на која била тоалетна школка има мал сензор за движење кој ја вклучува веднаш штом ќе влезете во тоалетот. Идејата собрала 226.000 долари за реализирање.

2. 100 балони полни со вода за помалку од 1 минута

За оваа идеја креаторите успеале да соберат 929.160 долари. Со Bunch O Balloons можете да наполните 100 балони со вода за помалку од една минута.

3. Салата од компири

(3)12-ludi-idei-koi-zarabotile-milioni-kafepauza.mk

Потребни се малку пари за да направите салата од компири, но Зек Браун добил луда идеја и почнал да собира финансии за неа. Целта му била да докаже дека секој може да собере пари без разлика колку луда и бескорисна е неговата идеја. Зек успеал да собере повеќе од 55.000 долари од речиси 7.000 луѓе.

4. Мала преносна тастатура

(4)12-ludi-idei-koi-zarabotile-milioni-kafepauza.mk

MaKey MaKey Go изгледа како обично УСБ, но е многу повеќе од тоа. Оваа направа може да го претвори секој предмет кој е електричен проводник во мала тастатура. Земете што било, парче пица, краставица или банана. Идејата навистина им се допаднала на луѓето, па креаторот успеал да собере речиси 200.000 долари за нејзина реализација.

5. Автоматска четка за заби

(5)12-ludi-idei-koi-zarabotile-milioni-kafepauza.mk

Amabrush е иновативен изум кој ги четка вашите заби за само 10 секунди. Кога ќе ја ставите направата во уста, таа ги чисти сите заби истовремено. За помалку од 1 месец, луѓето инвестирале 3 милиони долари во оваа идеја.

6. Тавичка за Пи пита

(6)12-ludi-idei-koi-zarabotile-milioni-kafepauza.mk

Гарет Хит отсекогаш сакал пити во форма на Пи, па решил да собери пари за да направи таква тавичка. Љубителите на пита му помогнале да собере 17.500 долари и да го оствари својот сон.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар