12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

Ова не се кафулиња каде што можете на мира да седнете и да си читате книга, но ако веќе сте љубител на литературата ќе сакате да ги посетите. Причината е тоа што тие во минатото биле посетувани од разни славни писатели, а нивниот дух и ден денешен сѐ уште се чувствува таму.

1. Игл енд Чајлд, Оксфорд

Џ.Р.Р. Толкин и К.Л. Луис се две од многуте познати имиња кои го посетувале овој паб. Тие биле дел од една писателска група наречена Инклингс, која долги години се среќавала овде со цел да си дадат објективна критика на своите сѐ уште недовршени дела. Тој дел од Игл енд Чајлд денес е украсен со врамени фотографии кои гордо зборуваат за она што се случувало во тоа време.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

2. Везувио Кафе, Сан Франциско

На времето тука на пијачка доаѓале Џек Керуак, Алан Гинсберг и Нил Кесиди. Од другата страна на улицата има голема книжарница, а локалот денес служи како споменик на уметноста, на џезот, поезијата и генерално на креативниот начин на живеење.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

3. Вајт Хорс Таверн, Њујорк

Велшкиот поет Дилан Томас е најмаркантното име во историјата на ова кафуле, затоа што по 18 испиени пијачки излегол оттаму и колабирал на тротоарот. Затоа ова место е познато и како кафулето на последната пијачка на Дилан Томас. Покрај него, во минатото тука навраќале и Норман Мајлер, Анаис Нин и Џејмс Болдвин.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат

4. Ел Флоридита, Хавана

Ернест Хемингвеј живеел во Куба цели 20 години, а ова му било омиленото место за пиење на омилениот студен Дакири. Тој помогнал да се популаризира ова место, а особено нивните коктели. Од Ел Флоридита, пак, му возвратиле со бронзена статуа во неговата природна големина која седи на шанкот и ги враќа посетителите назад во времето кога славниот боем бил присутен овде.

12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар