12-годишно момче научило да шие за да подарува кадифени играчки на болни деца

Австралиското момче по име Кемпбел Ремес не е обично дете како неговите врсници. На 9-годишна возраст, тој одлучил да биде личност која ќе преземе активна улога во подобрување на животот на другите.

12-годишно момче шие подароци кои ги подарува на болните деца

Сѐ започнало кога тој ги прашал неговите родители дали може тие да им купат подароци за Божиќ на децата од болницата, но му било кажано дека тоа чини премногу. Наместо да се откаже од идејата, Ремес одбрал сам да ги направи подароците.

„Решив да правам еден подарок на ден, односно 365 за цела година и сите да ги подарам“, се сеќава тој, именувајќи го овој импресивен потфат како „Проект 365“.

Ова се случило пред повеќе од три години и сега, 12-годишниот Ремес сѐ уште цврсто стои на своето ветување. Опремен со машина за шиење и вештачко крзно, тој има создадено преку 800 животни, произведувајќи преку 450 во 2016 година!

12-годишно момче шие подароци кои ги подарува на болните деца

Секое мече е меко, со големи слатки очи и со свое име. Откако се завршени, меките суштества го наоѓаат својот дом во рацете на луѓето кои може да го користат како свое ново другарче. Ремес прима нарачки, а понекогаш ги продава своите креации на eBay, за добротворни цели. Тој исто така прима и донации за ткаенина и идеи преку неговиот веб-сајт. Погледнете го видеото и запознајте се со животот на ова прекрасно момче, а под него можете да видите дел од неговите креации како и насмевките на оние што ги добиле како подарок.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар