12 физички закони кои не важат во цртаните филмови

Омилените цртани филмови од детството успеваа да нѐ насмеат до солзи, а и денес понекогаш го постигнуваат истиот ефект без оглед на тоа што сме возрасни. Сигурно сте забележале дека во светот на цртаните филмови важат физички закони кои се поинакви од тие во реалноста. Овие физички закони нема да можете да ги објасните колку и да се обидувате, но да бидеме искрени, нема ни потреба од тоа. Сите знаеме дека нивната главна цел е да нѐ насмеат и да нѐ забавуваат. Погледнете за кои физички закони станува збор…

1. Гравитација

12 физички закони кои не важат во цртаните филмови

Кога некој цртан лик ќе падне во провалија, тој продолжува да чекори во воздух додека не сфати што се случува и дури тогаш почнува да паѓа.

2. Експлозиви

12 физички закони кои не важат во цртаните филмови

Експлозиите на динамити уништуваат работи, ја распарчуваат облеката на ликовите и ги покриваат со чад, но самите ликови немаат никакви повреди.

3. Силуети

12 физички закони кои не важат во цртаните филмови

Сите што трчаат кон цврста пречка како што е ѕид, таван или снежен нанос, поминуваат точно преку неа, а силуетата им останува на површината.

4. Непобедливост

12 физички закони кои не важат во цртаните филмови

Ниту една опасна активност не им остава трајна штета на ликовите.

5. Сплескување

12 физички закони кои не важат во цртаните филмови

Секој лик што несреќно ќе заврши под камион, автомобил или ќе падне од голема височина, се сплескува и потоа се враќа во нормала.

6. Замислени предмети

12 физички закони кои не важат во цртаните филмови

Ако цртаните ликови помислат на некој предмет, тој веднаш може да се појави во нивните раце.

Продолжете на следната страница за да дознаете кои се останатите физички закони што не важат во цртаните филмови…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар