11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето - Part 2

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

6. Пирамидата Нохмул, Белизе

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Оваа пирамида на Маите стара 2.300 години беше уништена во 2013-та година со булдожери од страна на компанијата „De-Mar’s Stone“. Варовникот од пирамидата се искористил за да се исполнат патиштата во град во близина. По истрага, возачот на булдожер, надзорникот и двајца менаџери од компанијата биле казнети.

7. Езерото Поопо, Боливија

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Во 2016-та година, ова езеро целосно пресуши поради климатските промени и развојот на агрикултурата и рударството. Ова е второто исчезнување на езерото – прв пат пресушило во 1994-та година, но било обновено од дождовите.

8. Карпата Свадбарска торта, Австралија

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Оваа карпа стана многу популарна во 2015-та година и мораше да биде затворена од безбедносни причини – не е доволно стабилна. Но казните не ги спречуваат туристите да ја прескокнат оградата за да направат фотографија. Карпата ќе остане затворена сè додека не исчезне по природен пат.

9. Гребенот на островите Раџа Ампат, Индонезија

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Гребенот од 1.600 метри квадратни беше уништен во 2017-та година од бродови за крстарење и ќе бидат потребни децении за да се обнови. Штетата на ова место, кое е навистина популарно помеѓу нуркачите, е проценета на околу 18 милиони евра.

10. Дакбил, Орегон

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Оваа карпеста формација беше популарна туристичка атракција до 29-ти август, 2016-та година. Група луѓе влегле преку оградата и го уништиле природниот споменик бидејќи наводно, нивен пријател таму си ја скршил ногата.

11. Мостот на уметноста, Париз

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето

Познатиот мост беше полн со катанци кои тежеа околу 45 тони. Власта била загрижена за реката Сена поради бројот на клучеви кои биле фрлани во неа, како и поради опасноста од рушење на мостот. Поради тоа ги отстранија илјадниците катанци и ставија стаклени панели како ограда.

Погледнете и кои се работите што никако не треба да ги правите како туристи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар