11 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во девојка која обожува мачки

Мачките се неодоливи суштества, па сосема разбирливо е тоа што постојат луѓе кои се опседнати со нив. Девојките кои ги обожуваат овие животни не значи дека чуваат дома 10 мачки, но со сигурност ќе застанат за да си поразговараат со секое маче што ќе го видат на улица. Станува збор за начин на живот и тие немаат намера да ја кријат нивната љубов кон мачките.

11 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во девојка која обожува мачки

Можеби не ја разбирате нивната опсесија со мачките, но овие девојки ќе ви докажат дека тие се неверојатно слатки, независни, искрени и одлична замена за човечки најдобар пријател. Сепак, пред да се вљубите во девојка која обожува мачки, добро е да ги знаете следниве 11 работи…

1. Тие навистина ги обожуваат мачките

Ова сигурно го сфативте досега. Но, понекогаш нивната љубов се граничи со опсесија, особено ако се работи за нивните мачки. Не се изненадувајте доколку нивната љубов полека почне да се пренесува и во вашиот живот.

2. Поседуваат барем 10 предмети што имаат мачки на нив

Од секојдневни парчиња облека како што се дуксери и чорапи, па сѐ до шолји за кафе и пенкала… Мачките се насекаде во нивниот живот. Тие ги обожуваат предметите на кои го има нивното омилено животинче.

11 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во девојка која обожува мачки

3. На сите нивни парчиња облека има влакна од мачки

Понекогаш, можат да ги исчистат влакната од облеката и да создадат нова мачка од нив! Не се чудете доколку најдете влакна и на вашата облека, бидејќи многу лесно се пренесуваат. Токму затоа, тие поседуваат ролери за отстранување влакна, па дури и си ги носат со себе во чантата.

4. Не им дозволуваат на алергиите да застанат помеѓу нив и љубовта кон мачките

Тие се подготвени да киваат со часови, само за да го погалат мачето што стои пред нив. Има толку многу апчиња за алергија, така што не се плашат од последиците.

11 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во девојка која обожува мачки

5. Нивните телефони се полни со фотографии од мачки

Повеќето од фотографиите во телефонот и компјутерот им се од нивните мачки. Не им замерувајте доколку немаат меморија во мобилниот за да ги чуваат сликите со вас. Не станува збор за ништо лично.

6. Ги обожуваат мачките кои станале ѕвезди на Интернет

Тие се верни обожаватели на Мару, најпознатата мачка на Јутјуб и на намуртената мачка, позната како Grumpy Cat.

11 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во девојка која обожува мачки

7. Имаат лајкнато еден куп Фејсбук страни посветени на мачките

Тие коментираат и ги лајкуваат речиси сите објавени фотографии од улични и домашни мачки ширум светот. Препорачливо е да ја толерирате нивната опсесија и да лајкувате заедно со нив!

8. Го користат Интернетот за да пребаруваат мачки

Нивната историја на пребарување вклучува работи од типот „видеа од слатки мачки“, „мачки што прават смешни работи“ и „како да станам мачка?“.

11 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во девојка која обожува мачки

9. Не се гадат од телесните функции на нивната мачка

На овие девојки не им пречи лижењето, повраќањето и изметот на нивните мачки. Сето тоа им е сосема нормално. Откако ќе исчистите илјадници влакнести топки, ќе можете да ги разберете.

10. Се чувствуваат посебни кога мачките ќе им донесат подароци

Под подароци се мисли на мали, мртви животни. На тој начин мачките им кажуваат дека ги сакаат, а не дека ќе ги убијат во спиење.

11 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во девојка која обожува мачки

11. Нема да започнат врска со вас доколку не сакате мачки

Ќе има и други момци, но мачките се незаменливи!

Доколку сѐ уште не ви е јасно како е можно некој да е опседнат со овие фасцинантни животни, прочитајте зошто да чувате мачка.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар