11 причини зошто азиските деца се најздрави - Part 2

11 причини зошто азиските деца се најздрави

6. Јадат помали порции наместо цели оброци

11 причини зошто азиските деца се најздрави

Јапонската училишна програма за исхрана била развиена за да им помогне на гладните деца после Втората светска војна, но со текот на времето не се променила многу. Овие оброци обично немаат главно јадење на коешто сме навикнати. Оброците се поделени на помали делови и најчесто вклучуваат ориз, зеленчук, супа и месо или риба. Покрај тоа, храната најчесто е локална.

7. Поминуваат време на отворено

11 причини зошто азиските деца се најздрави

Активноста на отворено се гледа како навистина важна во Јужна Кореја, па планинарењето и кампувањето стануваат навистина популарни. Дури и луѓето кои се навикнати на урбан живот, често прават пауза со кампување. Овие програми помагаат во релаксирањето и ја подигаат свеста за менталното здравје.

8. Пешачат наместо да употребуваат транспорт

11 причини зошто азиските деца се најздрави

Во многу азиски држави луѓето сакаат да пешачат, наместо да користат возила или јавен превоз. Во Јужна Кореја се прославуваат направите и апликациите што ги бројат чекорите во текот на денот. Во многу азиски држави се очекува децата да одат пеш до училиште, наместо со автобус, особено доколку живеат во градот.

9. Се внимава на зависноста од Интернет

11 причини зошто азиските деца се најздрави

Денес сè почесто можете да видите деца кои се „залепени“ на нивните електронски направи. Во Јужна Кореја ова се случува ретко, бидејќи се преземаат мерки против зависноста од Интернет. Постојат разни кампови и центри за рехабилитација кои им помагаат на младите луѓе кои се соочуваат со зависност од Интернет. Исто така, властите се обидуваат да воспостават и закони кои на децата под 16 години им забрануваат пристап до Интернет после полноќ.

10. Децата имаат повеќе одговорности

11 причини зошто азиските деца се најздрави

Во Јапонија од децата се очекува да прават многу работи, што кај нас не би ги ни помислиле. Децата сами одат на училиште, помагаат во домашните обврски, па дури и помагаат во чистењето на училниците. Ова ги учи децата да бидат независни и одговорни, што пак им помага да водат подобра грижа за себе.

11. Времето за оброк е што е можно поздраво

11 причини зошто азиските деца се најздрави

Многу азиски држави наоѓаат разни начини да ги направат оброците здрави. Во Јапонија, зеленчукот е главниот оброк, додека месото не е толку важно. Супата е исто така присутна во исхраната, а Кинезите често користат здрави намирници како гоџи бобинки и ѓумбир.

Во многу азиски држави, вклучувајќи ги Кина и Јапонија, сосема нормално е децата да пијат чај. Не само што чајот е поздрава верзија од засладените пијалаци, туку има и здравствени придобивки.

Погледнете ги и овие начини на воспитување деца од целиот свет кои можеби ќе сакате да ги примените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар