11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот (18+)

За да се релаксираат после секојдневните притисоци и тензии, некои луѓе одморот го зачинуваат со таканаречените супстанци за „ослободување“ на умот, кои во најголемиот број земји се забранети со закон. За да избегнат судир со законот, решението го гледаат во ексклузивен одмор на некоја од следните дестинации (18+ забранети супстанци):

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

1. Кава на островот Фиџи

Традиционалниот напиток на Фиџи е Кава. Се прави од растението кава-кава (метистинов пипер). Начинот на подготовка на овој пијалак е по малку одвратен. Млади момчиња и девојчиња со здрави заби, џвакаат парчиња од коренот на растението и ги плукаат во чинија или врз бамбусови лисја. Сето тоа го мешаат со вода. Подоцна врз ваквата мешавина се гази за да се исцеди водата. Под влијание на ензимите кои се наоѓаат во усната празнина, настапува ферментација, како резултат на која се добива напиток со боја на кафе со млеко. Ефектот од овој напиток е силен и потсетува на опивање со класичен алкохол.

Речиси секој хотел на Фиџи на туристите им предлага да го погледнат целиот ритуал на подготовка на овој напиток. За вистинско уживање, тие советуваат посетата да биде индивидуална, а не во организирани тури, со цел кава-ритуалот да се доживее на вистински начин. Пиењето кава е всушност дел од ритуал, во кој спаѓа и танцувањето. Ако не сте расположени за танцување, после две-три чаши од напитокот верувајте ќе станете. :-)

Внимание! Тој што веќе одлучил да седне во кругот на кава, враќање назад нема, сè додека не се испие и последната капка.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

2. Марихуана во Амстердам

Овде „смајли“ цигарата може слободно да се нарача и спокојно да се испуши и тоа во ултрамодерна атмосфера, во специјални кафулиња или во некоја пријатна хотелска соба. Идеално место? New Dampkring coffeeshop. Или пак, можеби барате повеќе визуелни стимулации? Тогаш, вистинскиот избор е Green House Namaste.

Сепак, не можете да се расфрлате со марихуната. Дозволени се само мали количества за лична употреба и тоа на точно одредени места. Погрешно е мислењето на многу туристи дека во Холандија „тревата“ можат да ја конзумираат колку сакаат и каде било. Уште еден повод за внимание: пушењето на јавни места во Холандија е забрането од 2008 година. За непочитувачите, следуваат соодветни казни.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

3. Волшебните печурки на Девствените острови

Кој не ги пробал печурките, треба да знае дека после кул чувството доаѓа грозно чувство. Следуваат вртоглавици и нагони за повраќање. Но, туристите не треба да очекуваат дека со една печурка ќе гледаат „марсовци“. Халуцинациите се повеќе во вид на лебдење во воздух и дезориентација во времето.

Во Тортола е легално да се конзумираат „волшебните“ печурки, но не и да се продаваат. Затоа во Bomba’s Surf Shack, тие се нудат во облик на чај. Традиционалната денс забава во ова кафуле е доста еуфорична, но ако ви дојде премногу, удрете еден ладен туш. Локалните жители толку многу свикнале на „издрогираните“ туристи, што воопшто и не ги забележуваат.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

4. Темаскал во Мексико

Учесниците во овој древен централноамерикански ритуал лежат во круг околу оган. Шаманите прават пареа од билки како арника, камилица, алое и салвија. Целосна еуфорија од вдишувањето на пареата се постигнува после еден до три часа, на температура од над 30 степени Целзиусови.

Ако се заинтересирани, туристите сепак, на овој ритуал треба да се подложат во проверени центри, како што е на пример, Maya Spa Wellness Center. Има цели одморалишта и хотели специјализирани за темаскал, како луксузниот Zoëtry Paraiso de la Bonita. Ако пак, туристите бараат максимална автентичност, тогаш за нив е Posada del Tepozteco. Во благодетите на ова место уживале дури и холивудските актери Анџелина Џоли и Антонио Бандерас.

Предупредување: ако не пиете вода, дехидратацијата е загарантирана. :-)

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

5. Кокаин во Боливија

Во главните земји-производители на кокаин во Јужна Америка е забранета употребата на оваа дрога. Сепак, локалното население ги џвака лисјата на растението од кое се добива кокаинот, исто како што европејците го џвакаат тутунот. Ефектот не е како при користење кокаин, но чувството е пријатно и е еден од начините да се избегнат вртоглавиците од патувањето низ пресечените планински терени во Боливија.

Претседателот на државата, Ево Моралес го заштитува правото на локалните жители да ги џвакаат лисјата од кокаин и да заработуваат од нив. Така Боливија успеала да ги избегне крвавите судири, кои се вообичаени во Колумбија. Во Ла Паз има цел музеј на кокаинот, во кој е претставена социјалната, економската и културната историја на ова национално растение. На брегот на езерото Титикака пак, туристите можат да џвакаат, сè додека имаат сила. :-)

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

6. Хашиш во Мароко

Во Мароко, хашишот може да се најде во кое било време од годината. Мароканскиот „деликатес“ е надвор од законот, но сепак, му носи најмногу приходи на туризмот. Токму заради големите приходи, неговата употреба практично е декриминализирана, полицијата нема никаков интерес да ги апси туристите за поседување минимална доза за лична употреба.

Хашишот во Мароко се продава како Ролексите во Кина – насекаде. Локалните жители го нарекуваат киф и со него ги зачинуваaт лебот и слатките. Најинтересно е да се пуши со долго луле. Гратчето Шефшауен, кое се наоѓа близу Тангер е прогласено за главен град на хашишот. Па освен да се „напушите“, таму можете да уживате и во преубавата колоритна архитектура.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

7. Банг (Bhang) во Индија

За време на годишниот фестивал на цвеќињата во март, Индијците си приготвуваат банг. Пупки и листови од марихуана се толчат и се варат со млеко, во кое се додаваат чисто масло и зачини. Банг се користи и за подготовка на слатки. Иако, марихуаната во Индија е забранета, сепак, властите затвораат очи за време на религиозниот фестивал.

Гратчето Барсана (помеѓу Делхи и Агра) е своевиден банг-шампион. Таму за време на фестивалот, дел од ритуалот е жените да ги бркаат мажите со стапчиња. Тој што ќе го фатат го тераат да танцува сè додека не ја изгуби свеста. Мажите пак, ги гаѓаат жените со боја. И сето тоа е зачинето со добра доза банг.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

8. Пејотл во Мексико

Ова растение има неверојатен психотропен ефект: 15 часа халуцинации и најмалку еден напад на повраќање. Многу од луѓето коишто пробале од ова растение ги опишуваат халуцинациите како средба со Бог и тврдат дека постигнале целосна хармонија со себе и со околината.

Кактусот Пејотл расте во реонот на некогашното рударско гратче Реал де Каторсе во Централно Мексико. Секој може да најде водич, кој може да го одведе во пустината за да бара пејотл. Сепак, иако потрошувачката е декриминализирана, собирањето на овие кактуси е забрането, освен за религиозни цели. Затоа е добро водичот да е човек, на кој може да му се верува, а и треба да знае како да го исече растението за да не го уништи. Пејотл е свето растение за Индијанците од племето Хуичол.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

9. Змиско вино во Виетнам

Кога животот ќе ти даде лимон, направи си лимонада. Во Виетнам животот нуди многу отровни кобри, па затоа Виетнамците си приготвуваат змиско вино.

Жителите на северновиетнамското село Ле Мат се општо познати по вештините да ловат змии. На крајот на април и почетокот на мај, тие прават фестивал на змиското вино, кое се смета за силен афродизијак. Во Ле Мат сите ресторани сервираат змиско вино, како и ферментирана змиска крв, змиски ликери и оризова ракија со препарирана кобра во шишето. Од Velo Asia организираат цели „змиски“ тури, а и повеќето од останатите тур-оператори не би одбиле молба на турист да го посети Ле Мат.

Внимание: змиското вино опива!

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

10. Ајахуаска во Бразил

Повеќе од 3.000 години, амазонските племиња прават чај од лисјата на растението ајахуаска. Пијалакот содржи DMT (диметилтриптамин), што значи дека ефектот е како на екстазите и трае од два до пет часа, во зависност од испиеното количество.

Американската организација Heart of the Initiate нуди работилници за ајахуаска во еко одморалиште на брегот. Таму употребата на растението за верски и ритуални цели е заштитено со закон. Работилниците трат 8 или 17 дена, а во првите два дена учесниците се прочистуваат за да ја издржат церемонијата. Од компанијата предупредуваат дека по халуцинациите следува непријатност. Укажуваат и дека, дури и самата церемонија би била доста наелектризирана за неискусниот турист. Повраќањето пак, се смета како дел од ритуалот за прочистување. Тие што го пробале овој пијалак, тврдат дека делува позитивно врз нервниот систем.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

11. Апсинт во Париз

Апсинтот бил практикуван од Винсент ван Гог и Оскар Вајлд, како и од многу други уметници. Сите тие имале репутација на лоши момчиња, поради халуцинациите и налудничавото однесување по консумацијата на апсинтот. Тој бил забранет во Франција цели 100 години, односно сè до 2001-та година.

Вистината е дека оној што конзумирал апсинт не видел ниту едно зелено човече, ниту пак, си го исекол увото. Пијалакот единствено може да ве натера да го видите светот во посветли бои. :-) Откако забраната на апсинтот се укинала, напитокот започнал да се става во многу коктели, особено поради неговото својство да ја менува бојата и густината по разредување со ладна вода. Огромна разновидност се нуди во Les Caves du Roy во Париз. Во октомври пак, илјадници туристи патуваат од Париз до Понтарлие (Источна Франција), за да го посетат традиционалниот фестивал на апсинтот.

11 ексклузивни дестинации за „ослободување“ на умот

Внимание! Ако одлучите да го „ослободите“ духот на ваков начин, најпрво консултирајте се со лекар, потоа купувајте од проверени места кои ќе ви ги посочат агенциите (доколку патувате преку туристичка агенција) и бидете уверени дека супстанците се со јасно потекло. Претходно, задолжително пријавете се во конзулатот на земјата од која доаѓате.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. petarpan Reply

    ослободување или ДРОГИРАЊЕ????

Остави коментар