11 чудни и уникатни работи за кои е способно женското тело

Постои една позната изјава што често знаеме да ја слушнеме, а тоа е дека мажите се од Марс, a жените од Венера. Можеби и има некоја вистина во ова бидејќи телото на жените е многу поразлично од телото на мажите. Погледнете некои од работите за кои женското тело е способно, а мажите не можат ни да ги замислат.

1. Жените се пофлексибилни

(1)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Мускулите и лигаментите на жените имаат повеќе еластин отколку колаген, а ова ги прави природно пофлексибилни. Но од друга страна, ова може да биде причина за брчки и болки во зглобовите.

2. Жените живеат подолго

(2)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Женскиот имунолошки систем подобро се справува и со внатрешните и со надворешните закани, а неговите клетки стареат побавно и работат поефикасно. Поради ова жените живеат подолго и поретко се разболуваат за разлика од мажите.

3. Постојат повеќе осамени жени отколку осамени мажи

(3)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Ова најмногу зависи од стапката на смртност кај мажите, но на глобално ниво има повеќе жени отколку мажи. Поради ова постојат и држави во кои луѓето се обидуваат на вештачки начин да ги зголемат шансите за раѓање машко дете.

4. Миризбата на пот прави жените да се чувствуваат посреќно

(4)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Феромоните кои се наоѓаат во потта на мажите имаат позитивно влијание на женското тело. Тие можат да го стабилизираат менструалниот циклус, да го подобрат расположението и да ги намалат симптомите на анксиозност.

5. Една жена може да роди повеќе од 40 деца

(5)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Поради генетиката, некои жени можат да родат и да одгледаат десетици деца. Рекордот за најмногу деца го држи жена од Русија која имала 69 деца во 18-тиот век. Таа имала 16 пара близнаци, 7 тројки и 4 четворки.

6. Женските отпечатоци на прстите се 99% поразлични од машките

(6)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Женската кожа лачи двојно повеќе аминокиселини од машката кожа, а ова има влијание на прстите. Научниците можат да го одредат полот на една личност само од нејзините отпечатоци.

7. Доењето им дава супер моќи

(7)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

За време на доењето, нивото на хормоните кај жените значително расте и има влијание на мозокот и телото. Па, кај доилките се намалува анксиозноста, а се зголемува уживањето дури и во најобичните работи, како и емпатијата поради која тие се речиси способни да им ги читаат мислите на другите. Исто така, доилките подобро ги разликуваат звуците и боите.

8. Хормоналните терапии им ја намалуваат привлечноста

(8)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Хормоналните апчиња за контрацепција ја менуваат рамнотежата на хормоните. Тогаш мирисот на жената содржи „информација“ дека таа не е подготвена за деца, па машкиот мозок ја гледа како помалку привлечна од жените кои не ги земаат овие апчиња.

9. Жените имаат подобра меморија

(9)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

За разлика од машкиот, женскиот мозок користи различни делови од двете хемисфери за складирање информации. Промените на нивото на естроген исто така имаат влијание врз овој процес.

10. Бремените жени создаваат нов орган

(10)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Во бременоста женското тело создава целосно нов орган – плацентата. Таа се грижи за фетусот и има влијание врз хормоните на жената, и го напушта телото веднаш по породувањето.

11. Женскиот мозок постојано се реконструира

(11)11-chudni-i-unikatni-raboti-za-koi-e-sposobno-zhenskoto-telo-kafepauza.mk

Поради хормоните, женскиот мозок постојано се реконструира, а ова може да води и до промени на женскиот карактер. Делот од мозокот кој е одговорен за емоциите, меморијата и вниманието реагира на постојаните промени на нивото на естроген. Како резултат на ова, однесувањето на жените може значително да се промени за време на менструалниот циклус.

Погледнете и од каде потекнува мислењето дека жените се лоши возачи.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар