11 чудни фобии поврзани со сексот

За некои луѓе сексот не претставува обострано уживање и задоволство, туку вистинско психичко измачување. Прочитајте некои од чудните сексуални фобии кои ги имаат некои луѓе.

11 чудни фобии поврзани со сексот

Општ поим е еротофобија – страв од сите работи поврзани со сексот, кои понатаму се делат на неколку категории.

Партенофобија – страв од девици или млади девојки. Додека некои би дале сѐ за да имаат секс со млади девојки, за оние кои патат од оваа фобија, тоа претставува вистински кошмар.

Медортофобија – страв од пенис во ерекција.

Медомалакуфобија – страв од еректилна дисфункција. Овие луѓе не само што не сакаат да бидат голи, туку нив им е застрашувачки и кога ќе видат некој друг гол. Страшно!

Гимнофобија – страв од голотија.

Еуротофобија – страв од женски гениталии. Додека некои се восхитуваат на женскиот полов орган, на некои и самата помисла на вагина им предизвикува застрашувачко чувство.

Онеирогмофобија – страв од сонување „влажни соништа“.

Генофобија – страв од секс.

Малаксофобија – страв од сексуална предигра.

Филемафобија – страв од бакнување.

Сексуална клаустрофобија – страв од имање секс во затворена просторија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар