11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не се

Повеќето луѓе даваат сѐ од себе за да бидат што е можно поучтиви. Дали им ја придржувате вратата од лифтот на вашите соседи? Дали им го препуштате паркинг местото на другите возачи? Или можеби сте од оние прекрасни гости кои секогаш ги мијат садовите по вечерата кај пријателите? Дали знаете дека некои од овие симпатични навики кои делуваат учтиво, всушност се сметаат за многу некултурни?

11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не се

Според експертите, кога сме некултурни, но го маскираме тоа со учтивост, на луѓето околу нас им станува непријатно и почнуваат да се оддалечуваат. Иако овие мали моменти на несвесна неучтивост не се крај на светот, добро е да знаете за кои навики станува збор…

1. Нарачувате и за другите луѓе кога сте во ресторан

Можеби на вашиот партнер му треба цела вечност да одлучи што да нарача или инсистира вие да одберете. Во секој случај, немојте да нарачувате за други луѓе, дури и да ви делува тоа симпатично. Освен ако не сте сигурни дека другата личност сака да нарачате за неа, дозволете им на луѓето да си нарачуваат сами за себе. Можете да дадете ваш предлог, но тие нека му ја кажат нивната нарачка на келнерот.

2. Се шегувате на туѓа сметка

Сосема нормално е да се шегувате со вашите пријатели и со вашиот партнер, но одбегнувајте да се шегувате на нивна сметка, особено ако мислите дека вашите намери нема да бидат целосно разбрани. Некултурните шеги кои мислите дека се забавни и дека ќе ве зближат со пријателите, ќе го постигнат спротивниот ефект, односно ќе ве оддалечат од нив.

3. Давате комплименти за изгледот на луѓето

Комплиментите делуваат како добра идеја, но некои луѓе не ги сфаќаат на таков начин. Личноста може да си помисли дека нејзиниот изглед или тежина се тема на разговор и да се почувствува непријатно. Освен ако не сте со мајка ви или со вашите најдобри пријатели, задржете си ги таквите коментари за себе.

4. Ја собирате масата додека луѓето уште јадат

На сите ни се случило да почнеме да ја собираме масата додека луѓето сѐ уште јадат. Тоа делува учтиво, но оваа навика знае да предизвика стрес. На тој начин, вие испраќате порака дека вашите гости треба да побрзаат со јадење и да си одат. Тоа не е воопшто убаво.

11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не се

5. Климате со главата иако не можете да го чуете соговорникот

Сите сме го направиле ова во гласни клубови или на настани каде што има многу гужва. Но, не е добра идеја да се преправате дека слушате што ви зборува соговорникот. Вие се обидувате да бидете учтиви, но на тој начин ги оддалечувате луѓето од себе. Наместо тоа, поставувајте прашања за нештата што не ви се јасни, бидејќи така ќе покажете интерес и ќе го зацврстите односот, без разлика дали се работи за колега од работа или за нов пријател.

6. Доаѓате порано на забавата за да „помогнете“

Вашиот гест е добронамерен, но речиси никогаш не е добра идеја да се појавите порано на некоја забава. Тоа е исто толку некултурно колку и доцнењето. Освен ако не се работи за забава на вашиот најдобар пријател, немојте да се појавувате порано од очекуваното, бидејќи постои ризик дека ќе го изненадите домаќинот и ќе го начекате неподготвен. Тоа не е добра идеја.

7. Нудите совети без никој да ви побара помош

Кога некој пријател ќе почне да ви се жали поради некој негов проблем, природно ќе ви дојде да понудите совет. Но, понекогаш луѓето сакаат само да си ги кажат маките. Прашајте ги отворено што очекуваат од вас. Ако ја побараат вашата помош, помогнете. Во спротивно, задржете си ги советите за себе.

8. Споделувате лични податоци со човек кого штотуку сте го запознале

Само што сте се запознале со новиот колега и тој ви оставил многу позитивен впечаток. Ако сте зборлести и комуникативни, веројатно ќе сакате веднаш да ја споделите вашата животна приказна. Но, ова е голема грешка. На тој начин, другата личност нема да ви верува, особено ако зборувате негативно за поранешниот партнер, шеф или колега. Сочувајте ги овие работи за да ги споделите тогаш кога ќе станете вистински пријатели.

11 чести навики кои луѓето мислат дека се учтиви, но всушност не се

9. Постојано коментирате додека некој друг вози

Вие можеби мислите дека му помагате на возачот со вашите инструкции, но вистината е дека многу го нервирате со вашето однесување. Освен ако не забележите опасност, најдобро е да бидете тивки. Дозволете му на возачот сам да го пронајде патот.

10. Премногу се гушкате или доближувате до другите луѓе

Воопшто не сте имале намера да бидете наметливи или да го нарушите личниот простор на пријателот или колегата, но некои луѓе ги сметаат блиските контакти за неучтиви. Секогаш мора да ги имате предвид туѓите желби и потреби. Најдобро е или да прашате или да останете на учтива оддалеченост.

11. Премногу се грижите

Ако партнерот или пријателот имале ужасен ден, нормално е да се загрижите и да сакате да им помогнете. Но, ако премногу се грижите и не им давате простор, ќе испаднете многу некултурни. Постои тенка граница помеѓу грижата и наметливоста исто како што постои тенка граница помеѓу хуморот и некултурата. Немојте да се вознемирувате премногу ако ја преминете границата. Само извинете се и покажете дека сте свесни за грешката.

Доколку сакате да дознаете повеќе за некултурното однесување на луѓето, прочитајте што се крие зад лошите навики на мажите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар