10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Страсните читатели на книги имаат многу позитивни карактерни особини. Тие се лојални бидејќи секогаш застануваат на страната на нивните омилени ликови. Тие исто така се и трпеливи, особено оние коишто сакаат да читаат големи книги и најважно од сѐ, тие се сочувствителни, што може да се забележи од начинот на кој се соживуваат со содржината на книгите и ликовите. Но, како би можеле да се спријателите со овие прекрасни луѓе, ако тие постојано се дружат со книгите?

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Можеби мислите дека не е возможно да дознаете дали некој сака да чита, освен ако не го прашате директно или не го видите со книга, но вистината е дека страсните читатели не е толку тешко да се препознаат. Во продолжение прочитајте кои се најчестите знаци што можат да ви откријат дали новата личност со која сте се запознале е исто толку голем љубител на пишаниот збор колку вас…

1. Се среќавате на места каде што има книги

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Очигледен начин да препознаете дали некој е љубител на книги е да го најдете на место поврзано со книги. Доколку некој човек мрази да чита, сигурно нема да го видите како талка во книжарниците и библиотеките. Но, доколку личноста стои пред книгите и вдишува длабоко, бидејќи секој љубител на книги знае дека мирисот на книги е најдобриот мирис што постои, тогаш дефинитивно се работи за страстен читател.

2. Носат облека поврзана со книжевноста

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Дали личноста носи маичка со цитат од книга? Или можеби со некој книжевен лик? Дали со себе носи огромна чанта со мотиви од книгата „Хари Потер“? Во тој случај, веројатноста е дека се работи за љубител на книги.

3. Облечени се како лик од некоја книга

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Некои страсни читатели воопшто не се кријат. Доколку видите некој што носи облека очигледно инспирирана од фиктивен лик, веднаш ќе можете да погодите од каде личноста црпи модна инспирација: Од книгите.

4. Често спомнуваат книжевни ликови

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Во еден момент водите нормален разговор и одеднаш тие спомнуваат нешто за Џеј Гетсби. Уште подобро е ако зборуваат за ликот како тој или таа да е вистинска личност.

5. Се радуваат ако добијат книга како подарок

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Луѓето што не сакаат да читаат, доколку добијат книга како подарок ќе ја доживеат како обврска, а не како задоволство. Вистинските љубители на книги обожаваат кога луѓето им подаруваат книги, бидејќи многу добро знаат дека тоа е најсовршениот подарок што може да му се даде некому.

6. Кога ќе чујат дека некој сака да чита, автоматски почнува да им се допаѓа таа личност

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Доколку сте страсни читатели и слушнете дека некој сака да чита, веројатно веднаш ќе почувствувате природна поврзаност со таа личност. Исто така ако забележите дека некој е близок со други љубители на книги, шансите се дека и тие самите обожаваат да читаат.

7. Мобилниот телефон им е полн со апликации за читање

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Луѓето кои не сакаат да читаат веројатно ја немаат апликацијата Киндл, ниту, пак, имаат профил на Гудридс. Спротивно на тоа, љубителите на книги ќе ја искористат секоја можност што им ја нуди технологијата за да прочитаат што е можно повеќе.

8. Ги разбираат скриените литературни алузии

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Дали тие се насмеаја кога ја слушнаа вашата споредба на „1984“ од Џорџ Орвел со денешното општество? Или, пак, веднаш знаеја за што станува збор кога рековте дека тој се однесува како прав Мерсо од „Странецот“? Нема простор за сомнеж! Оваа личност со сигурност ужива во убавиот пишан збор.

9. Цитираат извадоци од литературата

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Доколку сте љубители на книги, веројатно не можете да се воздржите да не ги цитирате вашите омилени писатели. Цитатите обично се провлекуваат во секојдневните разговори на многу суптилен начин и само вистинските страсни читатели ќе можат да ги препознаат и разберат.

10. Држат книга во рацете

10 знаци што ќе ви помогнат да ги препознаете љубителите на книги

Најлесниот и најочигледниот начин да препознаете дека некој сака да чита е ако личноста држи книга и ја чита.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар