10 застрашувачки болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините - Part 2

10 застрашувачки болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините

6. Тетанус

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Тетанусот е сериозна инфекција која навлегува во телото преку отвори на кожата и предизвикува болни мускулни грчеви. Иако бројот на забележани случаи на инфицирани со тетанус е значително намален до 5% по појавата на вакцината, сепак оваа инфекција сѐ уште претставува сериозен проблем за некои земји како што е Индија. Тетанус, за разлика од други инфекции, не се јавува поради бактеријата, туку поради токсините кои ги ослободува бактеријата кога ќе навлезе во телото.

7. Голема (магарешка) кашлица

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Се нарекува голема или магарешка кашлица поради звукот кој настанува при кашлањето и неможноста да се дојде до воздух. Во некои посериозни случаи позната е и како 100-дневна кашлица според должината на нејзиното траење. Станува збор за многу заразно бактериско заболување на респираторниот систем и може да се јави кај луѓе од сите возрасти, но може да биде смртоносно за бебиња помали од 1 година. По појавата на вакцината, процентот на луѓе заразени со голема кашлица е значително намален.

8. Дифтерија

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Болеста се јавува поради бактерија која се закачува на деловите од респираторниот систем и произведува отров кој покрај тоа што предизвикува тешкотии при дишењето и голтањето, може да навлезе и во крвотокот и да нападне други витални органи и нерви. Звучи неверојатно, но дифтеријата можела да се пренесе и преку смеење. Во 1920 година се случила најголемата епидемија на дифтерија, а главната мета биле токму децата. Денес се јавува кај возрасни кои поминале извесен период од животот без соодветна вакцинација.

9. Хепатит А (Жолтица)

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Хепатит А е заболување предизвикано од вирус кој најчесто се пренесува преку заразен измет. По појавата на вакцината има значително намален број на инфицирани луѓе низ светот, но хепатит А сѐ уште претставува проблем за земјите во развој, особено за оние каде нема доволно чиста вода. Станува збор за воспаление на црниот дроб. Другите хепатити Б и Ц се сосема различни форми на воспаление предизвикани од различни вируси. Иако постојат вакцини за превенција на хепатитите А и Б, не постои вакцина за хепатит Ц.

10. Говедска чума

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Луѓето не се единствените кои можат да бидат нападнати од чума. Говедската чума е многу заразен и смртоносен вирус кој почнува како настинка и се јавува кај добитокот. Иако вирусот не може да им се пренесе на луѓето, епидемиите кои го зафаќале живиот добиток за време на активните периоди на вирусот предизвикале сериозни последици. Говедската чума е прогласена за целосно отстранета од 2011 година, 10 години по последната епидемија. Германскиот бактериолог Роберт Кох ја открил успешната вакцина во 1897 година додека работел во Кимберли, Јужна Африка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Vakciniran Reply

    А кај ви се доказите според кои „не може да се негира фактот“? Не дека јас намеравам да ви го докажувам спротивното, но од каде е тоа „факт“ кој не може да се негира?
    Најпаметно ви е да не објавувате ништо на оваа тема. На крај се сведува на верување во едната или другата „вистина“.

Остави коментар