10 застрашувачки болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините

Благодарение на откривањето на вакцините, многу болести се на патот да станат историја. Во последно време многу родители се одлучуваат да не ги вакцинираат нивните деца, бидејќи мислат дека вакцините всушност немаат никаква корист и можат само да наштетат. Постои вечна дебата на оваа тема, но сепак не може да се негира фактот дека појавата на многу заразни болести е намалена по појавата на вакцините. А се верува и дека различните видови рак, кои се поврзани со вирусот ХПВ, исто така можат целосно да исчезнат. Доколку сѐ уште не сте убедени, прочитајте кои 10 болести се речиси само дел од минатото благодарение на вакцините…

1. Детска парализа

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Детската парализа е болест која го напаѓа нервниот систем, а полио-вакцината е откриена во 1952 година од страна на Џонас Салк. Во доцните 90-ти, 80% од децата во светот станале имуни на полио вирусот. Денес, детската парализа редовно се појавува само во Пакистан и Авганистан. Во 1952 година Салк создал вакцина која ја тестирал на многу посебни волонтери: На самиот себе, жена му и децата. Кај сите нив се произвела потребната антитела заштита од вирусот и не се заразиле.

2. Мала сипаница

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Досега, малата сипаница е единствената човечка болест која е целосно отстранета благодарение на вакцините, а последниот познат случај бил во Англија во 1978 година. Малата сипаница била многу заразна, луѓето се заразувале од обичен контакт лице со лице или од делење постелина за спиење. Малата сипаница прво изгледа како лоша настинка, но подоцна се манифестира со црвени точки по целото тело кои се претвораат во болни чиреви. Убавата аристократка Лејди Мери Вортли Монтаг била изобличена како последица од малата сипаница и таа прва го претставила методот на зараза со оваа болест како превенција од развивање на истата.

3. Заушки

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Заушките почнуваат како настинка, но подоцна предизвикуваат подуени образи и отечена вилица. Заушките сѐ уште се појавуваат кај некои поединци со послаб имунитет, но сепак се ретки. Човекот кој ја има откриено вакцината за имунизација против заушки, голема сипаница и рубела може да ѝ се заблагодари на неговата ќерка Џерил Лин за претставувањето на вакцината во јавноста.

4. Рубеола

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Рубеола се вид сипаници кои се многу заразни, а понекогаш и смртоносни кај децата. Почнува со симптоми на настинка и потоа се манифестира како црвен насип низ целото тело. Денес бројот на случаи на рубеола е значително намален, но сепак постои поради намалената вакцинација во одредени земји.

5. Рубела

10 болести кои се речиси историја благодарение на вакцините

Рубела, позната и како германски сипаници, исто така се манифестира со црвен насип на телото како кај рубеолата, но станува збор за сосема различен вирус. Луѓето веднаш ја прифатиле вакцинацијата против рубела кога станала достапна, бидејќи вирусот му наштетувал на фетусот во првото тромесечје, поради што се сметал за многу непријатен вирус за бремените жени и нивните бебиња, иако не бил смртоносен.

Продолжете на следната страница за останатите 5 болести…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Vakciniran Reply

    А кај ви се доказите според кои „не може да се негира фактот“? Не дека јас намеравам да ви го докажувам спротивното, но од каде е тоа „факт“ кој не може да се негира?
    Најпаметно ви е да не објавувате ништо на оваа тема. На крај се сведува на верување во едната или другата „вистина“.

Остави коментар