10 забавни и слатки чоколадни цитати

Дозволете си неколку коцки од вашето омилено чоколадо и почнете со читање. Можеби некои од цитатите нема да ви се допаднат, но гарантираме дека нема да ви го „убијат“ апетитот. :)

(1) 10 забавни и слатки чоколадни цитати

„Сила е способноста да скршите чоколадо на четири парчиња, а да изедете само едно од нив.“ – Џудит Вајорст

„Чоколадна програма во 12 чекори: Никогаш немој да бидеш оддалечен од чоколадо повеќе од 12 чекори.“ – Тери Мур

„По околу 20 години брак, конечно почнав да сфаќам што сакаат жените. И мислам дека одговорот лежи некаде помеѓу разговор и чоколадо.“ – Мел Гибсон

„Истражувачите открија дека чоколадото произведува исти реакции во мозокот како и марихуаната. Тие исто така откриле и други сличности меѓу двете работи, но не можат да се сетат на нив.“ – Мет Лауер

„Чоколадото вели ‘извини’ многу подобро отколку зборовите.“ – Рејчел Винсент

„Психијатарот ми кажа како да достигнам вистински внатрешен мир и да одам до крај со тоа што сум го започнал. Оттогаш па досега, до крај испразнив 2 кесички чоколадни бонбони M&M и изедов цела чоколадна торта. Веќе ми е подобро.“ – Дејвид Бери

„Најголемите трагедии се напишани од Грците и од Шекспир… и двете страни не биле запознаени со чоколадата.“ – Сандра Бојнтон

„Ако нема чоколадо во рајот, тогаш јас не одам таму.“ – Џејн Сибрук

„Цвеќето ќе овене, накитот ќе потемни, свеќите ќе догорат… чоколадото не се задржува толку долго за да остари.“ – Sr. Cocoa Loca

„Чоколадото е единствената ароматерапијата што ми треба.“ – Јасмин Хајлер

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Душица Reply

    „Ако мислите дека парите не можат да купат среќа, очигледно не сте трошеле на чоколада“. – Керол Метјуз

Остави коментар